Нови детали од знаменосецот на Škoda

Впечатлив детал се трепкачите поставени под светлата, како потсетување на врвното мајсторство на чешките занаетчии

Škoda Superb досега нудеше само едно: Многу простор. За освојување нови купувачи и подобро профилирање против лимузините во средната класа е потребен и карактер. Отсега ќе го има и тоа.

Првата генерација на Superb беше верзија на Passat, втората генерација беше голема и беше Volkswagen, а третата генерација ќе добие многу подостоинствен опис и карактер откако ќе ја доживее премиерата на 17-ти февруари во Прага. Чесите ветуваат силен емотивен набој во дизајнерскиот настап на новиот Superb, а дел од тоа би требало да се наговести во неколкуте фотографии што се објавени синоќа. Намерата на дизајнерите била да се потенцира прецизноста и вештата изработка, согласно името што го карактеризира чешкото врвно занаетчиство, особено во изработката на стакло.

Škoda Superb е знаменосец на чешката марка од 2001 година. Досега Škoda има испорачано преку 700.000 примероци од првата и втората генерација на Superb, со што моделот се вбројува меѓу најпопуларните имиња во средната класа.

Претходна објаваПроизводителот на iPhone подготвува електричен автомобил?
Следна објаваНајвредната американска збирка олдтајмери оди на наддавање

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here