CES 2015: Sony повторно го смали 4K-камкордерот

Иако има повисока резолуција, полесно ракување и подобрен приказ, актуелниот врвен камкордер на Sony стана уште помал.

Sony го прикажа камкордерот FDR-AXP33 којшто е околу една третина помал и една петина полесен од поголемиот AX100. Камкордерот работи со сензор од 1/2,3 инчи, со ефективна резолуција од 18,9 мегапиксели. Релативно малиот сензор овозможи вградување на оптички стабилизатор на слика. Објективот со 10-кратно зголемување во положба на широк агол се враќа на 35 милиметри. Со прстенот на објективот може да се менуваат зумирањето, фокусирањето или осветлувањето.

Дисплејот од 3 инчи и окуларот поседуваат значително поголем број на пиксели од досегашните модели со цел да се добие подобра контрола на острината. Видеоподатоците се меморираат со брзина до 50 MBit/s со MP4 или XAVC-S кодирање. При максимална резолуција, камкордерот запишува 3840 × 2160 пиксели со 25 или 24 полни слики во секунда, а со 50 полни слики работи само во Full HD.

FDR-AXP33 Sony_02

Инженерите на Sony вградиле малечок проектор во преклопливиот дисплеј, на когошто снимките може да се прегледаат веднаш. Светлосната моќ од 50 лимени сепак условува затемнета средина. Со проекторот може да се управува и со екстерни сигнали преку HDMI. Камкордерот ги пренесува снимките со резолуција 4K на монитор преку HDMI, но по потреба ги смалува снимките и на Full HD. Изборот на демо снимки ја олеснува функцијата за маркирање на успешните сцени. Се очекува FDR-APX33 да се појави во продажба во март.

Претходна објаваMcLaren со уште една рекордна година
Следна објаваТеренец лимузина: Генијална креација од Volvo или…?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here