Иднината им припаѓа на автомобилите со пристап на интернет и со лесно ракување. Тоа е идејата зад концептниот Golf R Touch, како прв компакт со когошто се ракува преку гестови.
Volkswagen го прикажува концептот Golf R Touch на салонот на потрошувачка електроника CES во Лас Вегас, којшто ги разбира гестовите со дланките и ги претвора во команди. Без потреба од допирање на екранот се овозмоќува со движењето на дланката да се управува со дисплеите и со функциите во возилото. Со замавнување со дланката во правец на ветробранот се наредува затворање на сончевиот покрив на пример, односно отворање при замавнување наназад. Истото се случува и со местењето на седиштата.
Втор концепт во Лас Вегас е Connected Golf, којшто ги поседува сите можности и функции на поврзувањето во мрежа. Мултимедискиот систем од последната генерација (MIB II) овозможува негово поврзување со огромен спектар на апликации, паметни телефони, таблети и паметни часовници. Покрај тоа, системот за навигација сам ги препознава рутите што возачот ги минува често, без потреба од задавање на истите, како на пример, возење до работа и назад. Навигацијата во исто време предупредува при застој или други пречки на патот и предлага алтернативни патишта.
Повеќе за новитетите од Volkswagen по отворањето на салонот за потрошувачка електроника во Лас Вегас.
















