Возилата на Chevrolet сами ќе пријавуваат кога не се во ред

Моделите на Chevrolet сами ќе пријавуваат кога претстои дефект на некоја од компонентите на возилото. Со тоа ќе се избегнат скапите поправки и непријатните ситуации за возачите.

Бројни сензори во возилото ќе ја следат состојбата на одредени компоненти во возилото и ќе ја пренесуваат информацијата преку системот OnStar на General Motors. Преку анализа на овие податоци ќе се покаже која од компонентите на возилото е потребно да се замени или поправи, по што сопственикот ќе добие информација за истото преку електронска пошта, порака на мобилен, порака на таблата со инструменти или преку мобилна апликација. Во почетокот, списокот на компоненти што се надгледуваат го сочинуваат стартерот, акумулаторот и пумпата за гориво. Првите модели што ќе ја добијат новата технологија се Chevrolet Corvette, Suburban, Tahoe, Silverado и Equinox од моделското годиште 2016. Потоа ќе следат и другите модели. Нема информации дали системот ќе се користи и за останатите марки на General Motors.

Претходна објаваVolkswagen стана најголем производител на автомобили во светот
Следна објаваRolls-Royce Corniche и Mercedes 600 на споредба на олдтајмери во Top Gear

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here