Грејачите во седиштата се решение за студените денови

Возењето зиме може да биде вистинско измачување додека се чека да затопли кабината. Сепак постои решение, и тоа е евтино: Поставување грејачи на седиштата.

Сопствениците на автомобили со фабрички вградени грејачи во седиштата можат да бидат пресреќни за малата доплата што ја направиле при нарачувањето на возилото. Ништо не загрева побрзо од ова решение и за релативно кусо време може да се ужива во возењето, без разлика колку температурата надвор е отидена под нулата. За релативно малку пари може да се најде решение кај автомобилите што не ги поседуваат овие грејачи. Во продавниците за автомобилски прибор се нудат облоги за седиштата со вградени грејачи, по цени што почнуват од дваесетина евра.

Облогите се поставуваат на седиштата и се затегнуваат со еластични ленти, а напојувањето со струја се врши преку 12-волтниот приклучок во кабината. При купувањето треба да се внимава облогата да поседува повеќе степени на загревање, како и заштита од прегревање. Најсигурно е да се побара етикетата дека производот одговара на строгите безбедносни норми, односно тој да поседува еден од печатите како TUV или GS.

Претходна објаваСекој четврти нов автомобил во Франција е Renault
Следна објаваПијан Германец сакал да наточи бензин во својот велосипед

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here