„Петмилиметарскиот“ Oppo стартува со продажба

Со дебелината од 5 милиметри, R5 се вбројува меѓу најтенките паметни телефони

Кинескиот производител Oppo почна да ги прима нарачките за екстремно тенкиот паметен телефон со Android, а испораките ќе стартуваат веќе месецов.

Кинескиот производител Oppo прима нарачки за паметниот телефон R5 и веќе во текот на овој месец ќе започне со испораката. R5 има дебелина од само пет милиметри и со тоа се вбројува меѓу најтенките паметни телефони. Корисникот сепак треба да се откаже од SD-slot и од приклучок за слушалки. Во замена за последново, Oppo нуди адаптер за слушалки за приклучокот MicroUSB.

Oppo ги објави техничките податоци веќе во октомври (дисплеј AMOLED од 5,2 инчи и Full HD, 2 GB меморија, 16 GB Flash, LTE, 11n-WLAN, Snapdragon 615 на 1,5 GHz и осум јадра), а во меѓувреме на интернет страницата се објавени и податоците за камерата (главна камера со сензор BSI од Sony со 13 MP, видеа во 4K/Full HD со 30 Hz, 720p со 120 Hz; предна камера со 5 MP).

Батеријата се полни до 75 проценти за само половина час, но нејзиниот капацитет од 2000 mAh е релативно скромен во споредба со конкуренцијата. Oppo нуди како прибор надворешна батерија со приклучок за полнење преку MicroUSB и капацитет од 6000 mAh.

Претходна објаваКралскиот автомобил Seat Ibiza
Следна објаваСовети за студените денови: Зимска подготовка на автомобилот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here