Два без еден: Трицилиндарец за најмалечкото купе на BMW

Купето од серијата 2 на BMW напролет ќе стартува со нов основен мотор со три цилиндри. Има и други промени.

Најмалечкото купе на BMW од март ќе вози со нов основен мотор. Трицилиндарецот со турбонатполнење и зафатнина од 1,5 литар во моделот 218i Coupe ќе ослободува 136 КС и вртежен момент од 220 Nm. Според BMW тоа е доволно за спринт до сто за 8,8 секунди и крајна брзина од 212 km/h. Потрошувачката во пшросек изнесува 5,1 литри.

Трицилиндарецот  од Mini наскоро ќе се појави и во серијата 3 на BMW
Трицилиндарецот од Mini наскоро ќе се појави и во серијата 3 на BMW
Баварците ќе ја збогатат и понудата на модели со погон на сите тркала во купето од серијата 2 со моделот 220xd Coupe со 190 КС, а ќе го искористат моментот и за воведување на стилските линии Advantage, Luxury Line, Sport Line и M Sport. Со воведувањето на новиот трицилиндарец е можно да се спушти и цената на основниот модел.

Претходна објаваДр. Дре: Основачот на Beats е најпрофитабилен музичар според Forbes
Следна објаваОслабен 325 килограми: Новиот Audi Q7 го презема тронот од Mercedes

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here