Како прв од големата тројка, Microsoft ќе ја вклучи својата говорна асистентка и на десктоп компјутер. Еден блог го објави видеото со алфа-верзијата на Кортана.
Кортана, говорната асистентка на Microsoft, во иднина ќе ги понуди своите услуги и за корисниците на десктоп компјутери. Тоа го објави Winbeta, блог посветен за Windows. Блогот објави видео на коешто се прикажува рана алфа верзија на говорната програма за Windows 10.
Според видеото, десктоп верзијата на Кортана може да управува со календарски записи, да вклучува повици на Skype и да меморира белешки за локацијата. Функциите сепак се ограничени во оваа рана фаза, меѓу другото и поради фактот што алфа-верзијата нема полн пристап до датотеките и календарските записи. Корисничкиот интерфејс исто така не е завршен. Слично како Apple Siri или Google Now, финалната верзија на Кортана ќе одговара на општи прашања, ќе активира и управува со апликации и ќе посредува информации за времето и слично.
Официјалното претставување и дополнителни информации за Кортана се очекуваат во јануари, кога Microsoft планира да претстави верзија на Windows 10 што ќе биде достапна за јавноста. Неодамна концернот најави дека Кортана ќе подржува и други јазици.
Кортана ќе биде првата говорна асистентка од триото на големите производители, којашто ќе функционира и на десктоп компјутер. Apple Siri и Google Now, засега се достапни само за iOS, односно Android.
















