Opel Karl доаѓа во замена за Chevrolet Spark

Opel ги објави првите фотографии од новиот малечок автомобил кој и покрај сите контроверзи ќе го носи името Karl. Продажбата стартува следното лето, Karl го пополнува местото на Spark.

Малечок, а просторен, со појава што освојува и лудо разумен – така Opel го рекламира новиот модел во почетокот на понудата, којшто ќе стартува со продажба во следното лето. Околу името Karl се водеа доста полемики за логичноста автомобил да носи човечко име, без разлика што тука станува збор за синот на основачот на Opel. Во секој случај, се работи за автомобил од 3,68 метри којшто на германскиот пазар ќе чини помалку од 10.000 евра и ќе вози со модерен еднолитарски мотор со три цилиндри и 75 КС.

Пазарните стратези на марката од Риселсхајм сметаат дека предноста на Karl ќе биде во напредните безбедносни и комфорни елементи што досега не се понудени во класата. Тоа е воедно во согласност со стратегијата на Opel, новите и напредни технологии да се направат достапни за поширок круг купувачи. Покрај помошта при поаѓање на нагорнина, како составен дел од програмата за стабилност, Karl со доплата добива и систем за следење лента, со акустично и визуелно предупредување.

Исто како Adam и Corsa, новиот Karl располага со сервоуправување со градска програма во повисоките нивоа на опрема, а постои и можност за доплата за паркинг-сензори, темпомат или магленки со функција на осветлување на свијоци. Понатаму на списокот на дополнителна опрема стојат греење на седиштата и на воланот, сончев покрив и системот IntelliLink за поврзување со паметен телефон и други преносни уреди.

Претходна објаваAbarth 695 Biposto: Џуџе со сила за двајца
Следна објаваФормата ја следи функцијата: Оваа бубашваба е новиот руски воен транспортер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here