Mazda2 во лимузинска изведба – Но не е за Европа

Во почетокот од следната година се очекува новата Mazda2 да се појави во продажба во европските салони. Во меѓувреме, во фабриката во Тајланд веќе почна да се произведува и седанот.

Mazda ќе ја претстави лимузинската изведба од новата „двојка“ на салонот во Тајланд што почнува следната недела. Јапонската марка денес ги објави и фотографиите од Mazda2 седан, од коишто јасно се воочува дека „двојката“ верно ја следи линијата на поголемата Mazda3 Sedan.

Во малечката лимузина се вградува познатиот дизел мотор од 1,5-литар со 105 КС и 220 њутнметри. Продажбата на Mazda2 со четири врати во Тајланд ќе стартува веќе во јануари в година. Не се очекува моделот да се појави и на европскиот пазар.

Претходна објаваSuzuki воведува двојна смена за новата Vitara
Следна објава25 интересни факти за Lexus во пресрет на јубилејот на марката