Ниту пад од еден метар не го крши Gorilla Glass 4

Повеќе од три милијарди уреди се опремени со Gorilla Glass

Според производителот Corning, новото Gorilla Glass издржува пад од еден метар без какво било оштетување во 80 проценти од случаите.

Производителот Corning при развојот на Gorilla Glass 4 се посвети на најчестата причина за оштетување кај преносните уреди: Кршење на заштитното стакло на дисплејот. Според Corning, наследникот на актуелниот Gorilla Glass 3 има двојно поголема отпорност од производите од алумосиликат кај конкуренцијата.

За развојот на Gorilla Glass 4, производителот тврди дека анализирал стотици дефектни паметни телефони. Во 70 проценти од случаите, уредот се оштетил при пад на тврда површина, при што се скршило стаклото. Новото Gorilla Glass подобро ќе ги штити преносните уреди од такви оштетувања. Отпорноста е тестирана со паметни телефони коишто се пуштани од еден метар висина врз груба површина, со дисплејот свртен надолу.

Corning тврди дека 80 проценти од уредите опремени со Gorilla Glass 4 го издржиле падот без оштетување. Дебелината и квалитетот на површината на новото стакло не е променета во однос на претходната генерација. Веќе се започнати испораките на примероци за тестирање кај повеќе производители. Првите уреди со новото стакло може да се очекуваат веќе в година.

Gorilla Glass почна да се користи кај преносните уреди во 2007 година. Алумосиликатното стакло, меѓу другото се користи кај паметните телефони и таблетите на LG, HTC и Samsung. Производителот наведува податок дека Gorilla Glass досега е вградено во преку три милијарди уреди.

Претходна објаваThe Pirelli Calendar 2015: По една убавица за секој месец
Следна објаваApple Watch: Нови детали за компјутерскиот часовник на Apple

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here