Fujitsu работи на пренос на податоци преку LED

Наскоро ќе биде доволно паметниот телефон да се насочи кон посакуваниот производ во излог и да се добијат детални информации за истиот, а потоа и да се изврши плаќањето.

Продавниците можат да испраќаат информации до паметните телефони на своите клиенти преку Beacons, но наскоро за истата задача ќе може да се користи и осветлувањето во продавниците. Fujitsu претстави медота со која што информациите можат да се пренесуваат преку диодните светилки што се распоредени во просторијата.

Доволно е купувачот да ја насочи камерата на својот паметен телефон кон производот што се наоѓа под светилката и на дисплејот да му се прикажат сите информации за производот. Според Fujitsu, техниката може да се користи и за плаќање. Системот е наменет првенствено за продавници, музеи, уметнички галерии, како и за саемски штандови

fujitsu_led 908136475

Како основа за преносот на податоци служи брза модулација на тоновите на боја што ги зрачат светлечките диоди. На овој начин се менува и интензитетот на одделните бои, но и покрај тоа, човечкото око ја регистрира светлината како хомогена. За прикажување на пренесените информации е потребна и дополнителна апликација за читање на светлосните податоци, за ифентификација и за пренесување на информациите до сервер, којшто потоа го испраќа описот на саканиот производ до паметниот телефон.

Протокот на податоци на светлечките диоди од 10 битови во секунда сепак е премал, поради што на понудените производи не смее да се наоѓа QR-Code или NFC-Chip, коишто неретко умеат да пречат. Предноста е во тоа што продавачот не мора да инвестира многу во овој вид на пренос на податоци. Fujitsu тврди дека неговата техника може да се користи на сите светлечки диоди што произведената светлина ја мешаат преку модулација на трите бои црвена, зелена и сина. Системот се очекува да влезе во комерцијална примена најдоцна до март 2016 година.

Претходна објаваЕуроимпекс ја презеде продажбата на Peugeot на српскиот пазар
Следна објаваФутрола за мобилен со вграден фото-печатач

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here