15-годишнина на моделите Х на BMW

Кога BMW го претстави првиот X5, традиционалистите веднаш се побунија. Теренски автомобил не одговара за спортска марка, реагираа тие. Денес секој трет продаден автомобил на BMW го носи знакот X.

Во почетокот беше само буквата Х. Марката од Минхен за прв пат ја примени оваа буква во средината на 1980-те години кај моделските изведби со погон на сите тркала од серијата 3. Двојната симетрија на буквата Х беше совршен симбол за пренесувањето на погонскиот момент на сите четири тркала. Пред 15 години, Х прерасна во симбол за комплетно нова категорија на возила и во исто време за нова форма на уживање во возењето. BMW X5 се појави во 1999 година како прв SAV, од Sports Activity Vehicle, освојувајќи ги и патиштата и беспаќата.

Новото толкување на поимот теренски автомобил привлече голем број купувачи во BMW. Со тоа, баварската марка уште еднаш докажа дека има исклучителна смисла за иновативни автомобилски концепти. BMW X5 ги постави темелите за денешната гама од модели под знакот на X, којашто опфаќа пет различни модели. Во семејството на модели X спаѓаат и обата тркачи од одделението M GmbH, BMW X5 M и BMW X6 M.
Големата предност на BMW пред конкуренцијата во овој сегмент се покажува и со фактот дека X5 веќе е во третата генерација, додека купе-теренецот X6 и компактниот спортски теренец X3 се во втората генерација. Понудата ја дополнуваат кросоверот X1 и луксузната изведба на база на X3, со каросерија во стил на големиот брат X6 и соодветно со ознаката X4, заради разграничување со класичниот модел. Баварците можат да се пофалат со тоа што секој од овие модели беше прво премиум возило во сегментот.

Наскоро пристига и проширување на понудата во горниот сегмент, со BMW X7, како најголем член во семејството Х, а секако и најлуксузен. Моделите Х досега се продадоа во преку 3,3 милиони примероци, а секој трет продаден автомобил со знакот на BMW е модел од семејството Х.

Претходна објаваЕлектричниот Nissan Leaf постигнува рекордни продажби во Европа
Следна објаваУметност на уништување Rolls-Royce

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here