Mercedes GLA ќе се произведува и во Кина

Покрај GLA, во фабриката во Кина се произведуваат уште класите С, Е и GLK

Daimler и кинескиот партнер BAIC денес го потпишаа договорот вреден една милијарда евра за производство на кросоверот GLA и другите деривати од класата А во Кина.

Концернот Daimler и кинескиот партнер BAIC денес во присуство на германската канцеларка Ангела Меркел и кинескиот премиер Ли Кечијанг потпишаа договор вреден една милијарда евра. Покрај кросоверот GLA, во заедничкото претпријатие Beijing Benz Automotive Co., скратено BBAC, во иднина ќе се произведуваат локално и другите деривати од класата А на Mercedes. Во следната година во BBAC ќе се инвестираат вкупно четири милијарди евра.

Постоечките производствени капацитети за продолжената верзија на класа С, којашто од јули се произведува единствено во BBAC, за продолжената верзија на класата Е и за компактниот теренец GLK ќе се зголемат на 200.000 возила во 2015 година, вклучувајќи го и производството на GLA, што е повеќе од двојно зголемување. GLA ќе биде прво возило од компакт класата што ќе се произведува локално во Кина. Уште откако беа поставени темелите за новата фабрика во 2012 година, во BBAC беше предвидена изградба на посебна хала за производство на возила од компакт класата.

Претходна објаваVolkswagen веќе во оваа година ќе достигне 10 милиони возила
Следна објаваКросоверот од Peugeot 508 отсега достапен и без хибриден погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here