Англичанец заработе 250.000 евра од сопствениот пат

Еден Англичанец изгради алтернативен пат за возачите да не мора да кружат 23 километри поради изведување градежни работи на околниот магистрален пат и досега заработе четвртина милион евра од патарина.

Магистралниот пат меѓу градовите Бристол и Бат на Југозападот на Англија веќе неколку месеци е затворен поради изведување градежни работи по лизгањето на земјиштето. Еден мештанин во тоа виде одлична можност за бизнис. Мајк Вотс ја инвестираше сета своја животна заштеда во изградба на обиколен пат во должина од 365 метри и сега наплаќа патарина. Вотс не погреши. Досега повеќе од 100.000 возачи платиле патарина за користење на неговиот пат.

Магистралниот пат беше затворен во февруари, заради отстранување на штетите по лизгањето на земјиштето. Вотс реши да изгради пат среде своето земјиште, паралелно со магистралниот пат, за возачите да не мора да кружат 23 километри, туку едноставно да го заобиколат градилиштето. Според газдата, воопшто не е проблем тоа што не постои градежно одобрение за неговиот пат, тој ќе го обезбеди отпосле.

Англичанецот вложил 190.000 евра во изградбата на патот, дополнителни 190.000 евра се потрошени на поправки. Со наплатата на патарина, Вотс досега повратил три четвртини од инвестицијата, но и натаму е голема неизвесноста дали тој на крајот ќе успее да заработи од патот, или барем да ги поврати парите од него. На возраст од 62 години, овој човек со храбар претприемачки дух стравува дека е можно магистралниот пат да се врати во функција пред тој да ги поврати парите од неговата приватна обиколница. Според процените на Вотс, поправките на стариот пат би завршиле во почетокот на ноември. Доколку не профитира, Англичанецот ќе остане без својот имот. Во меѓувреме луѓе доаѓаат не само од цела Европа, туку дури и од Бахраин, само да го посетат овој веќе легендарен пат или само да минат по него. Вотс ниту самиот не знае што толку волшебно ги привлекува возачите и туристите на неговата приватна обиколница.

Претходна објаваАко тоа е изненадување: Qashqai е најпродаван Nissan во септември
Следна објаваОвој автомобил троши три литри и чини само 6.800 долари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here