BMW го вработи главниот инженер на Ferrari

Роберто Федели, човекот што ги разви сите модели на Ferrari од 2007 година наваму, вклучувајќи го и хибридниот суперспортист LaFerrari, отсега ќе работи за минхенската марка.

Поранешниот главен инженер на Ferrari, Роберто Федели, од ноември ќе започне со работа за новиот работодавец BMW. Засега од Минхен не ја откриваат функцијата на Италијанецот, којшто си замина од Маранело во средината на септември. Од Ferrari тврдат дека заминувањето на Федели не е поврзано со повлекувањето на шефот Лука Кордеро ди Монтеземоло.

Федели започна да работи во Ferrari во 1998 година, каде што беше одговорен за развојот на сите модели на Ferrari од 2007 година наваму. Последниот модел под негов надзор е хибридниот суперавтомобил LaFerrari, најбрз автомобил под знакот на италијанската марка досега. Се препоставува дека Италијанецот ќе работи во одделението BMW Motorsport, некогашен M GmbH, каде што се развиваат моделските верзии под знакот „М“, но можно е Федели да биде ангажиран и во развојот на техниката за Rolls-Royce.

Претходна објаваПотврдено од шефот: Opel Astra OPC доаѓа во 2017 година
Следна објаваToyota Ви посакува добредојде во Хибридово

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here