Деби на најсилната моделска изведба во гамата на моделот од средната класа на Mercedes. Под хаубата на C 63 AMG работи четирилитарски V8 со битурбо натполнење, којшто произлегува директно од агрегатот во суперспортскиот Mercedes-AMG GT. Швабите нудат две верзии на моќност, едната со 476 КС во „обичниот“ C 63, другата со 510 КС во C 63 S. Со вредност на просечна потрошувачка на гориво од 8,2 литри, C 63 го има најштедливиот осумцилиндарски модел во оваа класа на моќност. Продажбата стартува во февруари в година, а комбито T следи во април.


















