Париз 2014: SsangYong најавува конкурент за Mokka и Captur

Одличната продажба на компактни спортски теренци го привлече и корејскиот SsangYong да понуди модел во класата. Двете студии од Париз го најавуваат идниот сериски модел.

Корејскиот специјалист за теренци SsangYong е присутен на салонот во Париз со две концептни возила. XIV Targa има отстранлив покрив тарга и внесува нота на кабриолет во чувството во кабината, додека XIV Adventure настапува со конвенционална каросерија, но со носачи на покривот што се приспособуваат за повеќе потреби. Серискиот модел со дизајн мошне близок до студијата ќе се појави в година, како конкурент на Renault Captur и Opel Mokka. Погонската техника и опремата ги следат вообичаените стандарди во класата. Помалиот брат на Korando ќе се нуди со бензински и дизел мотори со зафатнина од 1,6 литар, со мануелен или автоматски менувач и погон на сите тркала или само на предната оска. Повеќе за моделите на SsangYong и за другите новитети од оваа класа во Париз можете да прочитате тука.

ssangyong xiv adventure 1987451

Претходна објаваПариз 2014: Citroen во духот на божествениот DS
Следна објаваПариз 2014: Civic Type R ја разгорува трката во класата на Golf GTI

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here