Seat го претстави новиот Leon X-Perience на салонот во Париз

Шефот на Seat, Јирген Штакман, го претстави новиот Leon X-Perience на вечерта на концернот Volkswagen пред утрешното отворање на салонот на автомобили во Париз.

Шпанската марка ја дополнува понудата во гамата на Leon со кросовер на база на комби изведбата ST, со зголемено растојание од подлогата за 27 милиметри и постојан погон на сите тркала, во комбинација со детали на каросеријата во стил на теренец. Во новиот Leon X-Perience ќе се вградуваат бензински и дизел мотори со директно впрскување на горивото и турбонатполнење, во дијапазон од 110 до 184 КС, со мануелен менувач или со менувач со двојна спојка.

Обраќајќи се пред публиката, Гирген Штакман нагласи: „Нашиот Leon X-Perience е повеќенаменски автомобил со емотивен дизајн и одлична функционалност, впечатлив изглед на теренско возило и ентериер со висок квалитет. Најдобра инвестиција за бизнис или за слободното време, за семејството и за спорт, вклучувајќи широк дијапазон на помошни системи во возењето. Новиот Leon X-Perience ќе биде следниот чекор во стратегијата на нашата марка да го консолидира успехот на целата гама на Leon.“
Продажбата на новиот модел стартува во ноември, со петта генерација на спојката Халдекс, како еден од најсовремените и најефикасни системи за погон на сите тркала во светот. Новиот Халдекс поседува повеќеламелна спојка со хидраулична активација и електронска контрола. Leon X-Perience е стандардно опремен со електронска блокада на диференцијал на обете оски EDS, електронска блокада на диференцијал за подобра тракција во свијоци XDS, заедно со програмата за стабилност.

SetRatioSize900650-08

SetRatioSize900650-01

Претходна објаваВечер на Volkswagen на салонот во Париз: Премиера на Skoda Fabia
Следна објаваЈубилеј на концернот Volkswagen: 200 милиони произведени возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here