152
21 shares, 152 points

Испораката на Tesla Model 3 на европскиот пазар ќе започне веќе во првата половина од следната година. Тоа го соопшти шефот Илон Маск преку твитер. Во меѓувреме, неколку организации во САД пријавија проблеми при тестирањето на електричната лимузина

Европските купувачи кои ја чекаат испораката на Tesla Model 3 конечно ќе седнат во својата електрична лимузина во почетокот на следната година. Како и вообичаено, веста пристига директно од профилот на шефот Илон Маск на твитер. Техно-милијардерот сепак не посочи кои земји први ќе го добијат електричниот модел, чијашто цена во САД стартува од 35.000 евра.

Поради низа проблеми во производството, досега беше неизвесен датумот на стартување со испораката во Европа. Овие проблеми ќе бидат надминати до крајот на месецов и ќе се достигне планираната продукција од 5.000 возила неделно.

Вториот проблем со когошто се соочува овој важен модел за електромобилноста е квалитетот. На супертест на организацијата за пазарно следење Edmunds биле утврдени проблеми со електрониката по само четири месеци и 10.000 километри. Овие проблеми се сведувале главно на големиот средишен дисплеј, којшто не е друго освен таблет. Покрај тоа, аудиосистемот повеќепати ја вклучувал максималната силина на звукот, што ги преплашувало патниците. Задната камера се исклучувала, навигацијата честопати прикажувала груба и нечитлива резолуција.

Со откажувањето на средишниот дисплеј се изгубил пристапот до основните функции на Tesla Model 3

Најголемиот дефект со когошто се соочила оваа организација сепак било комплетното откажување на средишниот дисплеј. Со тоа било оневозможено да се ракува со основните функции на возилото, затоа што не постојат класични прекинувачи. Еднаш се случило возилото да ја прочита картата за отклучување на возилото, но електрониката не дозволувала Model 3 да појде.

Централниот дисплеј бил сменет во сервисна работилница, а бил вчитан и нов софтвер. Тоа го решило поголемиот дел од непријатностите со возилото, но се појавиле нови проблеми. Возачот во една пригода морал да чека додека погонот стартува. По неколку секунди се слушнала силна бучава одзади и возењето можело да започне. Имало и случаи кога електрониката пријавувала смалена моќност на погонот и барала возачот да запре, иако Tesla Model 3 продолжувал да вози без какви било потешкотии.

Тест-возачите на Edmunds пријавиле проблеми и со автопилотот, но истите биле надминати откако преку интернет се вчитал нов софтвер. Никогаш не се случило комплетно откажување на возилото, но организацијата смета дека забележаните пропусти се недозволиви за автомобил што во тестираната верзија чини над 60.000 долари.

Реагираше и мошне влијателниот магазин Consumer Report, од кадешто се пожалија на слабото дејство на сопирачките. Tesla го смени софтверот на системот АВЅ, со што патот на сопирање од темпо 100 се скуси на 40 метри. Тоа е послабо од европските лимузини од средната класа, коишто запираат и по само 34 метри. Магазинот сепак беше задоволен со тоа и даде позитивна оцена за Model 3.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
21 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743