за

Dacia во Германија продаде за четвртина повеќе возила

dacia sandero de

Dacia стана седма најпродавана марка на пазарот на возила за приватни купувачи во Германија, со удел од преку 5 проценти. За девет месеци се продадени над 60.000 возила

Продажни статистики за македонскиот автомобилски пазар недостигаат хронично, но тоа не значи дека мора да останеме одвоени од светот. Марката Dacia, во годината во којашто одбележува половина век постоење, постигна одлични резултати на најголемиот европски пазар, германскиот. Од јануари до септември, Романците продале 60.800 патнички автомобили и лесни доставни возила во Германија. Тоа се 23,1 проценти повеќе возила отколку во првите три квартали лани или преку 10.000 возила повеќе. Соодветно порасна и пазарниот удел, така што евтината марка на Renault сега учествува со 2,11 проценти на пазарот на нови возила во Германија.

Од вкупната продажба, 58.800 примероци се патнички возила (+23,2 проценти), а две илјади се лесни доставни возила (+21,3%). Сметано посебно за пазарот на приватни продажби, Dacia учествува со дури 5,1 проценти и се наоѓа на седмото место. Најпродаван модел е градскиот автомобил Sandero со 20.000 примероци, кој е најевтин нов автомобил во Германија, дури и пред Lada Kalina.

На второто место по продажба е теренецот Duster со 18.900 примероци, а по него следи мултинаменскиот Dokker (9.500 примероци). Комбито Logan MCV има постигнато 5.500 продажби, компактниот ван Lodgy 4.900 продажби. Списокот го комплетира транспортерот Dokker Express со 1.900 продажби.

Првиот автомобил на Dacia се појави пред 50 години

Dacia им заштедила на Британците 1,5 милијарда фунти за пет години

Renault и Dacia со историски рекорд од 3,8 милиони продадени возила

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Experience Center Хокенхајмринг

Porsche започна со изградба на седмиот центар за возачки тренинг

Suzuki Jimny salon

Suzuki Jimny како предводник на класичната теренска петорка