Првите сообраќајни знаци со новиот пиктограм веќе се поставени во покраината Зеланд. Новите знаци наскоро ќе бидат поставени и на другите автопатишта низ земјата.
Први ќе се заменуваат постоечките сообраќајни знаци за најблиска станица за гориво на патот, што се пред менување поради старост. Поради тоа, процедурата ќе трае подолг временски период, додека сите соодветни сообраќајни знаци во Холандија се заменат со новите знаци, на коишто се прикажува доколку на станицата за гориво се наоѓаат и полначи за струја за електрични возила.
Возачите на електрични автомобили на овој начин ќе добијат подобра претстава, дали на следната станица за гориво ќе можат да наполнат струја во батеријата на своето возило. Во Холандија постојат знаци што прикажуваат дали одредена станица точи и алтернативни горива. Новиот знак што укажува дека има полнач е син шестаголник во горниот десен дел на знакот, со прикажан приклучок за струја.
Постои и варијанта за станици на коишто се точи водород, иако нивниот број засега се брои на прсти. Во тој случај, во долниот лев дел од знакот се наоѓа зелен квадрат во кого што е напишано H2.
>>> Првпат повеќе електрични и хибридни возила од дизели во европската продажба
















