Практиканти во Audi смислија корона-семафор за фабричките маркети

Практиканти во Audi смислија корона-семафор за фабричките маркети

Практиканти во фабриките на Audi во Инголштат и Некарсулм смислија едноставен начин за регулирање на пристапот во фабричките самопослуги, со цел да се испочитуваат заштитните мерки против корона. Обичен семафор и оптички сензори дејствуваат сосем пристојно.

Мерките во борбата против корона не се суштинска тема во автомобилизмот, но далекусежноста на пандемијата направи овие теми редовно да се појавуваат во содржините на нашиот портал. Причината зошто токму автоиндустријата редовно сервира идеи и механизми за заштита од инфекцијата е сосем јасна: Фабриките вработуваат илјадници лица и безусловно мора да се спречи и најмалата можност за пренесување на евентуална инфекција.

Последниот пример пристига од фабриките на Audi во Инголштат и во Некарсулм, поточно од практикантите во двете главни фабрики. Тие изработија дигитален систем за регулирање на пристапот. Техниката за таа цел е неверојатно едноставна, а целосно е делотворна.

Дигиталната контрола на пристап е поставена во неколкуте маркети за самоопослужување што се наоаѓаат во фабричкиот круг. „Аудијанците“ (така меѓусебно се нарекуваат вработените во Audi, исто и фановите на марката) можат полесно да се придржуваат до правилата за дистанцирање.

Системот во основа работи како семафор и ги координира посебниот влез и излез од продавниците. Покрај тоа, контролата го одредува и максимално дозволениот број на лица што во исто време се наоѓаат во маркетот. Оптички сензори управуваат со работата на семафорот. Секако дека останува обврската за носење маска.

https://photos.app.goo.gl/7tzqnmjEm8EfvaoPA

https://photos.app.goo.gl/LXTjVYn3mWums2jYA

>>> Фабриката на Audi во Некарсулм доби 30 нови полначи за струја

 

Претходна објаваСамо едно од десет нови возила во Норвешка е бензинец или дизел
Следна објаваНови знаци во Холандија покажуваат станици што имаат полначи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here