Audi ги пушти во работа новите полначи за возилата на вработени и гости во фабриката во Некарсулм. Дел од полначите се достапни јавно, меѓу нив има и брзи полначи. До средината на 2022 година, нивниот број треба да се зголеми на 600 полначи.
Зелена струја за електричните автомобили во подрачјето на германскиот град Некарсулм. Audi ја прошири својата мрежа од полначи во и околу фабриката во градот. Во минатите неколку месеци беа поставени 30 нови полначи за струја, од кои дел се достапни јавно. До средината на 2022 година, на локацијата ќе стојат на располагање вкупно 600 полначи за струја. Сите се снабдуваат со енергија од обновливи извори.
Нови полначи се поставуваат во фабриката, но и на паркиралиштата за вработени и за гости. „Како автомобилска фабрика сакаме активно да им помогнеме на нашите вработени и на жителите во регионот, да се префрлат на електромобилност и се радуваме што даваме важен придонес за изградбата на инфраструктурата од полначи во регионот“, изјави директорот на фабриката Хелмут Штетнер.
До средината на следната година, вработените ќе можат да користат мрежа од 135 полначи за своите електрични автомобили. За јавноста летово беа поставени дванаесет полначи и два брзи полначи на паркиралиштата за посетителите на центарот Audi Forum, како и четири брзи полначи пред влезот број 2.
Брзите полначи располагаат со моќност до 320 kW. На овие полначи, батеријата на Audi e-tron 55 се полни за 30 минути од 5 до 80 проценти. За енергија за околу 110 километри, за овој модел се потребни само десетина минути. Овие почначи им стојат на располагање на сите возачи на електрични автомобили и се користат со обична картичка.
















