Новиот Volkswagen Golf е најдобар автомобил на годината во компактната класа со цена до 25.000 евра, додека ID.3 победи во категоријата на најдобри премиум автомобили со цена до 50.000 евра.
Кој е најдобриот автомобил за 2021 година според критериумите на германските автомобилски новинари? Со цел да се добие одговорот, 18 новинари од цела Германија еднаш годишно се среќаваат во Бад Диркхајм. Volkswagen победи во две категории во изборот за Германски Автомобил на Годината: Со Golf од осмата генерација и со целосно електричниот ID.3, кои победија во своите класи.
Жирито гласаше за 72 новитети, поделени во пет категории:
- Компактни автомобили со цена до 25.000 евра,
- Премиум модели до 50.000 евра,
- Возила во луксузниот сегмент,
- Возила со алтернативен погон и
- Спортски аавтомобили
„Новите Golf и ID.3 го убедија жирито во своите сегменти, и тоа против мошне силна конкуренција“, изјави коорганизаторот Јенс Мајнерс, кој објавува во германски и американски автомобилски медиуми. Изборот годинава наиде на тешки предизвици, имајќи ги предвид ограничувањата поради пандемијата: „Досега не било толку тешко да се спроведе тестирањето. Но, предвидените тестови никогаш не беа доведени во прашање. Веруваме дека автомобилот останува важен и во корона-кризата, можеби поважен од кога било досега.“
„Новите Golf и ID.3 веќе победија на голем број важни споредбени тестови. За сите нас во Volkswagen претставува посебна потврда тоа што жирито ги одликуваше двата топ-модели за нивната погодност за животната средина и за нивните иновации“, изјави Клаус Целмер, директор за продажба на марката Volkswagen.

















