за

Lexus UX 250h против RX 400h, првиот од овој вид

За една и пол деценија откако Lexus RX 400h се појави како прв СУВ со хибриден погон, многу работи се сменија. Соочување на пионерскиот RX со новиот UX, моментно бестселер на марката.

Lexus UX 250h i Lexus RX 400h sporedba

Lexus приреди несекојдневен споредбен тест на патеката во белгискиот Завентем, којашто служи за тестирање и развој на нови технологии. RX 400h по 15 години уште одушевува со мекото возење и чувство „како од фабрика“, додека UX 250h прикажува врвна ефикасност на погонот и спортски возни својства.

Луксузната марка на Toyota ги соочи пионерскиот RX 400h, кој пред 15 години стартуваше со производство како прв СУВ со хибриден погон, со актуелниот кросовер UX 250h, во когошто работи хибридна технологија од четвртата генерација. За оцените од тестирањето овојпат беа задолжени сопствените експерти: Хервиг Дененс ги проверуваше возните својства, Раф Шуерманс даваше оцени за хибридниот погон.

СПОРЕДБА НА ВОЗНАТА ДИНАМИКА

Во совршени услови на патеката во Завентем, кросоверот UX 250h го докажа на дело тоа за што се залага Акио Тојода. Тој е главен тест-возач на Lexus и инсистира секој нов модел на марката да биде „уживање за возење“. UX за таа цел поседува исклучително крута платформа, како основа за возилото да има управливост како спортски компакт.

New item by Automedia MK / Google Photos

Lexus UX 250h има најниско тежиште во својата класа

Покрај самата платформа, за ниското тежиште на UX 250h придонесува и положбата на хибридната батерија. Возната динамика профитира и од алуминиумските врати, вклучувајќи ги хаубата и задниот поклопец.

UX 250h сведочи за големиот напредок во возната динамика што ја постигна Lexus од 2005 година. Создаден за европските возачи, со дел од развојот што се одвиваше во центарот на Lexus во Завентем, денес беше мошне забавно на патеката. Тоа се должи главно на новата и исклучително круга платформа GA-C, што обемно користи адхезиви, додека ниското тежиште се грижи за помало странично наведнување и за прецизност во управувањето“

Хервиг Дененс, прв техничар во одделението за развој на Toyota Europe

New item by Automedia MK / Google Photos

СПОРЕДБА НА ХИБРИДНАТА ТЕХНОЛОГИЈА

Преку спојот од моќ на бензински мотор, со еден или повеќе електромотори, самополнечките хибриди на Lexus отсекогаш поставувале мерила во електрификацијата во луксузната класа. Како што укажува името, хибридите на Lexus се полнат додека се вози, се забавува или се запира. Во четвртата генерација, хибридниот погон работи уште поштедливо и има неспоредливо пониска емисија на штетни материи од споредлив бензинец или дизел.

RX 400h: Хибридниот пионер

Lexus предизвика сензација во премиум сегментот, кога го лансираше RX 400h со 3,3-литарски V6 и со по еден електромотор на секоја оска. Возејќи го RX од 2005 година, Хервиг Дененс се сеќава колку беше напреден хибридот и зошто постигна толкав успех.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во споредба со бензинскиот модел, RX 400h постигнуваше за 33% пониска просечна потрошувачка и беше за сензационални 67% поштедлив во градско возење. На белгиската патека, автомобилот уште вози со истата мекост и префинетост како при излегувањето од фабриката во Кјушу. Тоа се должи на фактот што хибридниот систем бара само минимално одржување, за разлика од системите на конкуренцијата што се базирани врз автоматски менувачи или менувачи со двојна спојка, кои се подложни на трошење и дефекти.

„Тврдењето дека RX 400h вози ‘како нов’ звучи како клише, но издржливоста на овој автомобил е доказ дека перформансите на хибридниот погон не се менуваат, дури и по многу километри.“

Раф Шуерманс, главен техничар во одделението за напредни погони во Toyota Europe

UX 250h: Четврта генерација на самополнечкиот хибрид на Lexus

По седнувањето во UX 250h, се забележува тивката револуција под хаубата што е постигната по појавувањето на RX 400h. Хибридот повеќе не е технологија што е достапна само за најскапите модели. UX 250h и ES 300h се поштедливи и почисти, а минуваат и подолги растојанија чисто со погон на струја. Системската моќност, брзината на реакцијата на погонот и квалитетот на возењето напредуваа многу.

New item by Automedia MK / Google Photos

Овој напредок се должи на фактот што инженерите постигнаа компонентите да ги направат помали и попрефинети. Во последните 25 години, Lexus и Toyota регистрирале над 24.000 патенти само во хибридната и електричната погонска технологија.

Дволитарскиот мотор во UX 250h користи технологија што овозможува моторот да работи поефикасно од кој било друг мотор во сериски автомобил. Околу 60 прототипи се конструираа, пред да започне тестирањето на новата технологија, при коешто возилата минаа вкупно 10 милиони километри.

Батеријата во кросоверот е покомпактна, благодарение на подобрениот систем за ладење и оптимираниот распоред на батериските модули. Lexus досега има произведено над 1,8 милион автомобили со хибриден погон. Предноста на никел-метал-хидридната батерија наспроти литиум-јонската е во нејзината долготрајност и во едноставното рециклирање. За 25 години, батериите се намалија за 60 проценти и полесни се за 50 проценти.

Неодамнешните тестирања во Белгија покажаа дека UX 250h минува 57% од изминатото растојание во град со изгаснат мотор. Притоа, 45% од енергијата потребна да се мине растојанието биле обезбедени од електромоторот, додека други 34% од енергијата биле обезбедени при сопирањето или забавувањето на возилото.

Компактен погон на сите тркала E-Four

New item by Automedia MK / Google Photos

Додека новите генерации урбани кросовери одвај се способни за подалечно возење по терен, UX 250h AWD поседува помал електромотор назад од оној во RX 400h со моќност од 50 kW. Распределбата на вртежниот момент меѓу оските се менува автоматски во сооднос од 100:0 до 20:80 од системот за стабилност, при забрзување, возење во свијоци или по лизгава подлога.

СПОРЕДБА НА НАДВОРЕШНИОТ ДИЗАЈН

Фабриката во Кјушу беше изградена посебно за хибридните модели на луксузната марка на Toyota. Првите хибридни модели на Lexus имаа посебен дизајн на тркалата, различна маска и магленки и транспарентни задни светла.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Паркиран покрај постариот брат, UX 250h се одликува со многу подинамичен дизајн и атлетска става, нагласена со препознатливата маска на Lexus и со тројни диодни светла во L-дизајн. Задните светла имаат и дополнителна функција за аеродинамичноста, со интегрирани перки за спречување на турбуленцијата.

Lexus UX се покажа како вистински погодок и моментно е најпродаван модел на марката на европскиот пазар. Секако дека продажбата речиси се сведува речиси стопроцентно на изведбата UX 250h, којашто придонесе хибридниот погон да стане достапен за поширок круг купувачи.

СПОРЕДБА НА ВНАТРЕШНИОТ ДИЗАЈН И ТЕХНОЛОГИЈАТА

Зад воланот, просторната кабина на RX 400h уште оддава чувство на луксуз и префинетост. Кожата, облогите и сите иснтрументи уште изгледаат „како од фабрика“. Опременоста уште е импресивна, со повеќезонска климатизација, озвучување Mark Levinson со 11 звучници и ксенонски светла.

New item by Automedia MK / Google Photos

Ентериерот на UX 250h, пак, поседува бројни детали што првпат се користеа за суперспортскиот Lexus LFA во 2010 година. Кокпитот што е ориентиран кон возачот, седиштата што го целосно го опфаќаат телото и воланот по пример на LFA придонесуваат за доброто расположение зад воланот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во кросоверот се забележува напредокот на технологијата низ годините. Средишниот дисплеј од 10,3 инчи со панорамски приказ на возилото некогаш беше резервиран само за најскапите модели. Истото важи и за проекцискиот дисплеј или за премиум озвучувањето од Mark Levinson со просторен ефект и со 13 звучници.

Голем напредок е постигнат и во подрачјето во коешто Lexus вложува многу уште од самите почетоци. Додека RX 400h беше прв СУВ-модел со интегриран систем за возна стабилност, новиот UX 250h се испорачува со Lexus Safety System + , кој предупредува и запира самостојно кога ќе утврди дека има пешак или велосипедист пред возилото.

За заклучок, цитат на Хервиг Дененс, прв техничар задолжен за оценување на севкупните својства на новите модели во европскиот огранок на Toyota.

Уште се сеќавам како моќноста и перформансите на RX 400h ме импресионираат кога првпат го возев прототипот во близина на Нирбургринг во Германија. Денес уште одушевуваат рамномерното забрзување, електрифицираната V6-моќ и тишината. Сепак многу работи се променија за 15 години. UX 250h според мене поставува нови мерила за хибридите, во поглед на стилот, управливоста и хибридниот погон. Во споредба со RX 400h, тој е многу подинамичен и помоќен. Притоа, брзината на возење и бројот на вртежи на моторот се подобро ускладени отколку кај постарите хибриди на Lexus.

>>> Топ 10 Најприродни ситуации за Lexus RX 450h … и 10 други

Lexus RX450h
Lexus RX450h

>>> По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

моторно масло полнење

Одобренијата за моторни масла од авто-марките не секогаш се за верување

volkswagen golf id3 автомобил на годината во германија

Volkswagen Golf и ID.3 победници на Автомобил на годината во Германија