за

Само едно од десет нови возила во Норвешка е бензинец или дизел

Светскиот шампион во електромобилноста веќе постигнува динамика на продажба каква што водечките европски држави се надеваат да достигнат дури кон крајот на деценијата.

Норвешка веќе одамна не се двоуми околу електромобилноста. Од секои десет новорегистрирани автомобили во октомври, шест возат чисто на електричен погон, две се приклучни хибриди, едно е хибрид, а по половина возило е бензинец или дизел.

Уделот на електричните автомобили, значи чисто возила со погон на струја и приклучни хибриди, во бројот на нови возила што биле пуштени по норвешките патишта во октомври, изнесува 79,1 проценти. Тоа е втор најдобар месечен резултат, по септември.

Најпродаван електричен модел во Норвешка во минатиот месец е Volkswagen ID.3 со вкупно 2.465 примероци. Втор е Nissan Leaf, со голем заостаток и со 739 примероци, водечкото трио го заокружува Hyundai Kona со 591 примероци. Вкупно во октомври се продадени 8.821 електрични возила, вклучувајќи и неколку дузини комбиња, автобуси и камиони.

audi e-tron pobeda aubi allrad

Лидер за десет месеци од 2020 година е престижниот Audi E-tron со 8.587 примероци, по него следат Nissan Leaf (5.185) и Volkswagen Golf со 5.071 примероци. Скандинавската држава моментно има регистрирано најмногу електрични возила од моделот Nissan Leaf. Дури 64.185 примероци од јапонскиот електромобил сообраќаат по норвешките патишта. По него следат Volkswagen Golf (47.455 примероци) и BMW i3 со 27.667 примероци.

Во Норвешка досега се регистрирани 338.759 електрични возила од сите категории

Трендот е јасен во корист на чисто електричните возила. За десет месеци од 2020 година, повеќе од половина од продажбата (52%) отпаѓа на чисто електрични возила, додека уделот на приклучни хибриди е скусен на 20 проценти. Лани во истиот период, електричните возила и приклучните хибриди заедно учествувале со 56 проценти во вкупниот пазар.

>>> Електрично Mini пишува автомобилска историја во Македонија (1. дел)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Несекојдневна средба на Bigfoot-Unimog и Mercedes Simplex

Несекојдневна средба на Bigfoot-Unimog и Mercedes Simplex

Практиканти во Audi смислија корона-семафор за фабричките маркети

Практиканти во Audi смислија корона-семафор за фабричките маркети