Новата марка на концернот Фолксваген, Скаут Моторс, својот прв модел ќе го открие на 24-ти октомври во Нешвил, САД.
Фолксваген ги поседува правата за марката со долга традиција што произведуваше пикапи и СУВ во САД до 1980 година. Волфсбург ја враќа во живот Скаут како стартап со електрични возила и во почетокот на септември го објави тизерот на друштвените мрежи.
Скаут соопшти дека датумот на претставувањето е по 44 години откако заврши производството на Интернационал Харвестер Скаут 2 на 21-ви октомври 1980 година. Првиот Скаут и воедно еден од првите СУВ модели, беше произведен на 30-ти ноември 1960 година.
Малку детали се познати засега
Скаут досега има откриено само неколку детали околу електричниот СУВ и пикапот. Извршниот директор Скот Кио најави дека возилата ќе располагаат со блокада на диференцијал, народски локер, како функција што е суштинска кај едно теренско возило.
Плановите за основање на марката Скаут беа објавени во мај 2022 година. Компанијата во мај лани го ангажираше искусниот дизајнер на Стелантис, Крис Бенџамин, да се грижи за дизајнот на марката. На 15-ти февруари беа поставени темелите за фабриката на Скаут во Јужна Каролина.
Конкуренција со Ривиан
Кристијан Волмер, член на проширениот одбор на групацијата Фолксваген, надлежен за производство и логистика, по тој повод најави нови детали. Марката ќе развие и ќе произведува еден пикап и еден СУВ, што се конструирани според потребите на возачите во САД.
View this post on Instagram
Производството во фабриката треба да започне кон завршетокот на 2026 година, а брзо потоа ќе стартува и продажбата. Мал проблем се јавува во тоа што Фолксваген во јули најави дека почнува соработка со Ривиан, стартап со електрични автомобили. Ривиан е директен конкурент на Скаут и со своите пикапи и СУВ цели кон истата група купувачи.
















