Kамионскиот огранок на Мерцедес доби шефица, Карин Родстром е прва дама на Дајмлер Трак

Карин Родстром ќе го води Дајмлер Трак во иднината во којашто и камионите ќе возат електрично.

Таа беше најизвесна кандидатка за преземањето на позицијата, така што одлуката на надзорниот одбор на Дајмлер Трак АГ не е изненадување: Карин Родстром (45) ќе раководи со концернот чијшто бизнис учествува во одредувањето на германскиот берзански индекс Дакс. Швеѓанката е наследничка на Мартин Даум (64), чијшто договор истекува на завршетокот на февруари и кој долги години решаваше во компанијата како „Мистер Дајмлер Трак“.

Новата шефица ќе го има својот прв голем настан за само неколку денови, на салонот ИАА Транспорт во Хановер. Родстром е воедно и прва дама што застанува на чело на Дакс-концерн од автомобилската индсутрија. „Таа покажа дека трансформацијата на една марка може да се води успешно и во исто време да се владее во предизвикувачка средина од надворешни фактори“, порача шефот на надзорниот одбор Џо Кесер.

Родстром почна да работи во Штутгарт во февруари 2021 година, доаѓајќи од шведскиот производител на камиони Сканија. Таа ја започна својата работа во Сканија во 2004 година, по завршувањето на студиите по инженеринг во индустриски менаџмент на Кралскиот Технички Универзитет во Стокхолм.

Од 2007 година, таа врши разни раководни позиции во продажната и сервисната организација на Сканија, вклучувајќи и раководење со автобускиот бизнис на компанијата, како и основање на бизнис со дигитални и вмрежени возила. Нејзиното заминување во Германија, во Дајмлер Трак, беше направено со замисла дека таа во иднина ќе ја преземе позицијата на извршна директорка.

Кратко работење во фабриката во Верт

Родстром во Дајмлер Трак прво беше надлежна за марката Мерцедес-Бенц и со тоа со европскиот камионски бизнис, што е тежок предизвик. Поранешната врвна спортистка воведе поголема ориентација кон клиентите и ги поедностави процесите.

Во споредба со конкуренцијата, Мерцедес важеше дека има бавен сервис и дека беше далеку од потребите на камионџиите. Профитабилноста исто така се подобри. Доходовноста во 2023 година изнесуваше 10,2 проценти.

Марката сé уште е далеку од маржите и стабилноста на американската сестра Фрејтлајнер. Покрај тоа, пазарите за товарни возила во Европа во моментов не постигнуваат поголемо движење, поради слабата економија.

Претходна објаваФранција и Британија угоре со електричните автомобили, Германија надолу
Следна објаваНова марка на Фолксваген: Скаут ќе го претстави првиот модел во октомври

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here