за

Volkswagen сам ги произведува деловите за електричниот ID.4

Најголемиот дел од компонентите за возилата денес се испорачуваат од добавувачите. Концернот Volkswagen го зголемува сопственото производство со новиот ID.4.

Volkswagen сам ги произведува деловите за електричниот ID.4

Клучните компоненти за првиот електричен модел на Volkswagen за светскиот пазар пристигаат од сопствената мрежа. Целта е концернот во видно време да прерасне во најголем производител на компоиненти за електричен погон во светски рамки.

Централните добавувачи на делови за моделите од електричното семејство ID на Volkswagen не се Bosch, Denso или Magna, туку е сопствениот Volkswagen Group Components. Деловите за идните модели, вклучувајќи ги и моделите од сите марки во концернот врз база на платформата MEB, исто така ќе пристигаат централно од сопствената прозиводствена мрежа на Volkswagen.

Кај првиот целотно електричен СУВ од марката Volkswagen, светскиот модел ID.4, околу 40% од вредноста на компонентите што се вградуваат потекнуваат од сопствена продукција. Тоа се 10% повеќе отколку кај споредливите модели со обичен погон.

Volkswagen Group Components работи самостојно во рамките на концернот и задолжена е за развој и производство на стратешки делови за одделните марки. Огранокот функционира од 2015 година и има улога да развива иновативни и конкурентни модели врз скалест принцип. Компанијата денес произведува на повеќе локации ширум светот. Електричниот СУВ-модел Volkswagen ID.4 ќе се продава во Германија и Кина, а потоа и во САД.

Касел е главна фабрика за електричниот погон

Фабриката за компоненти во Касел ги испорачува електричниот погон и делови од платформата за ID.4 и за останатите модели врз платформата MEB за Европа и Северна Америка. Моментно најголемата локација за производство на менувачи во концернот, дополнително се специјализира за производство на електричен погон. Клучните делови, роторот и статорот, пристигаат од Залцгитер. Куќиштата на електромоторот и на преносот на сила се леат во Хановер, Познан и Касел. Заедно со 1-степениот преносен механизам што потекнува од Касел, сите компоненти се спојуваат во електричен погонски модул. Во исто време, во фабриката во Тјанџин во Кина се произведува електричен погон за тамошниот пазар.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Брауншвајг е центар за батериски системи

Во фабриката во Брауншвајг се изработува батерискиот систем за MEB. Покрај специјалноста за производство и монтажа на делови за подвозје, нова специјализација на оваа фабрика е развој на високонапонски батерии и софтвер за контрола на истите. Паралелно, во Фошан се произведуваат батерии за кинескиот пазар.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Залцгитер е задолжен за клучните компоненти

Во Залцгитер се изработуваат роторот и статорот, како клучни компоненти за електричниот погон на ID.4 и на останатите модели врз платформата MEB. Оваа фабрика се специјализираше и како главен развоен центар за батериската техника. Во Залцгитер се врши пробно производство и се испитуваат новите батериски и производствени технологии. Во кругот на фабриката се гради фабрика за батериски ќелии во соработка со шведскиот Norhvolt AB, којашто ќе почне со работа во 2024 година.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во следните недели претстои пуштање во работа на пробниот погон за рециклирање на стари високонапонски батерии. Целта е да се извлечат металите и скапите суровини од батериите што понатаму не може да се користат. Планот е да се постигне 90% ефикасност во ова подрачје.

>>> Електричниот Volkswagen ID.4 вози спортски

Volkswagen ID4

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Mercedes G-Class достигна 400.000 произведени примероци

Mercedes G-Class достигна 400.000 произведени примероци

Кои автомобили се продавале најслабо годинава во Германија

Кои автомобили се продавале најслабо годинава во Германија?