за

Кои автомобили се продавале најслабо годинава во Германија?

Моделските имиња што се среќаваат високо на листите на најпродавани модели се практично исти на сите пазари. Не изненадува тоа што Golf, Focus, Corolla, Vitara или Sportage се продават добро. Но, кои се моделите што најслабо ги убедуваат купувачите?

Кои автомобили се продавале најслабо годинава во Германија

За најпродаваните модели дури и нема потреба од детални статистики. Тие се дел од секојдневната улична слика. Но, кои модели на автомобили се продаваат најмалку? Тоа не мора секогаш да бидат најскапите и најексклузивните. Германскиот пазар, како најголем и највлијателен автомобили пазар во Европа, секогаш се наоѓа од полза, кога треба да се добијат несекојдневни одговори.

Колку автомобили Rolls-Royce се продаваат годишно во Германија, на најголемиот автопазар во Европа? Дури и бројката за месечната продажба е доволно импресивна. Седум примероци од суперлуксузниот и исклучителен автомобил биле продадени на германскиот пазар во октомври, во последниот месец за којшто ни се достапни најдетални статистики. Годинава се вкупно 65 примероци од најпрестижниот СУВ-модел во светот.

Овој благороднички транспортер, сепак не е најмалку продаван модел во земјата годинава. Пред него, има уште 13 модели што убедиле уште помалку возачки и возачи. Некои од нив се уште нови на пазарот, меѓу нив и BMW iX3. Електричниот СУВ го бележи својот втор месец на германскиот пазар и досега има вкупно 35 продажби. Овој број понатаму ќе расте прогресивно. Еден модел воопшто не им е по вкус на Германците. SsangYong Rexton годинава е регистриран во 21 примероци. Корејската марка веројатно ќе исчезне набрзо од европскиот пазар.

Останатите модели од крајот (или почетокот) на листата се помалку или повеќе егзотични модели, како Quattroporte или Morgan 4/4. Но, зарем на Lexus му е местото тука, пред крајот на листата? Купе-знаменосецот LC и спортскиот RC имаат по шеесетина примероци годинава. Причината за тоа не е недовербата или слабиот имиџ на марката, туку токму спротивното. Германците, во премиум сегментот, ги ценат единствено Audi, BMW и Mercedes. Без разлика што Lexus редовно победува на споредбените тестови на моќните германски магазини и на гласањата за избор на автомобил на годината – во категоријата на увозни марки – Германците се патриоти кога станува збор за премиум сегментот и „мораат“ да ја прескокнат престижната марка на Toyota. Секако дека Lexus на останатите пазари котира многу повисоко во продажните статистики. Тоа е една од бројните специфики на германскиот пазар.

Следат уште неколку модели што не изненадува да бидат на опашот на продажбата. Првиот Ferrari (или последен) е F8 со вкупно 154 примероци во 2020 година. Bentley Bentayga напредува подобро на германскиот пазар отколку Cullinan, со 62 примероци годинава, на 271-то место.

Воопшто не изненадува тоа што Jaguar се појавува на 57-то место, со моделот од вишата класа XF. Британската марка генерално котира слабо. Германските возачи се повеќе свесни за кредибилитетот на автомобилските марки и не се фаќаат „слепо“ за марка. Сестрата Land Rover и специјалистка за теренци, исто така минува слабо на пазарот што моментно брои повеќе од 300 модели во понудата. На британските марки во индиска сопственост им недостигаат технологија и имиџ, за возачите реално да ги прифатат нивните премиум цени.

Alfa Romeo е уште еден пример за марка што не ги одушевува германските возачки и возачи. Со 788 примероци годинава, Giulia е светлосни години далеку од серијата 3 на BMW со над 37.000 примероци, исто како и од Mercedes C-Class и Audi A4 кои се следат на листата, но на нејзиниот врв. На Alfa Romeo, Jaguar и Land Rover, на дното на продажбата им се придружува уште Jeep. Некогаш ценетото име на сцената на теренците, денес е само на 242-то место, со 528 примероци од Cherokee годинава. Дури и Lada Vesta, што официјално не се нуди повеќе на пазарот, се продала во повеќе примероци.

Land Rover Discovery, SsangYong Korando, DS3, Jaguar F-Type, Mazda CX-3, исто така заостануваат на германскиот пазар, со помалку од 1.000 продадени примероци годинава.

Што се однесува до големата слика, Германија годинава регистрирала вкупно 2.316.134 нови патнички автомобили. Водечката петорка ја сочинуваат Golf, Tiguan, Passat, Focus, Octavia, почнувајќи од 112.313 примероци од Golf до 41.613 примероци од чешкиот бестселер.

Контра Топ100 на Најслабо продавани модели на германскиот пазар во 2020 година

HONDA HR-V 1,443
PORSCHE PANAMERA 1,399
RANGE ROVER VELAR 1,391
MAZDA MX-5 1,323
RENAULT TALISMAN 1,295
ALFA ROMEO STELVIO 1,241
FORD TRANSIT COURIER 1,197
CITROEN C4 CACTUS 1,189
DS7 CROSSBACK 1,180
LEXUS UX 1,179
JAGUAR XE 1,126
MERCEDES SLK, SLC 1,094
JAGUAR F-PACE 1,085
LAND ROVER DEFENDER 1,054
MAZDA MX-30 1,033
RANGE ROVER 1,029
PORSCHE CAYMAN 1,020
LADA NIVA 1,012
DS3 938
RENAULT KANGOO 903
SSANGYONG TIVOLI 849
IVECO DAILY 790
ALFA ROMEO GIULIA 788
JAGUAR F-TYPE 773
TOYOTA PRIUS PLUS 773
NISSAN NV300 749
FORD EXPLORER 747
CUPRA FORMENTOR 695
FIAT TALENTO 674
OPEL AMPERA 660
TESLA MODEL S 623
LAMBORGHINI AVENTADOR 621
SSANGYONG KORANDO 611
LEXUS NX 579
BMW 6ER 574
TOYOTA LANDCRUISER 572
POLESTAR ‘2 565
TESLA MODEL X 553
LAND ROVER DISCOVERY 546
LADA VESTA 537
JEEP CHEROKEE 528
SUBARU OUTBACK 504
JAGUAR I-PACE 501
MAZDA CX-3 486
ALFA ROMEO GIULIETTA 474
TOYOTA CAMRY 460
HONDA E 440
LEXUS RX 440
TOYOTA PRIUS 432
KIA STINGER 411
NISSAN NV200 393
BENTLEY CONTINENTAL 378
AUDI R8 370
FERRARI ‘488 347
KIA OPTIMA 316
JAGUAR XF 293
HYUNDAI H-1 STAREX 281
RENAULT ESPACE 278
MASERATI LEVANTE 278
MAN TGE 270
TOYOTA SUPRA 253
RENAULT MASTER 252
BMW I8 246
MERCEDES SL 237
FERRARI PORTOFINO 227
OPEL MOVANO 190
HYUNDAI NEXO 190
SUBARU LEVORG 187
TOYOTA GT 86 164
BENTLEY BENTAYGA 162
PEUGEOT ION 161
LEXUS ES 155
FERRARI F8 154
ASTON MARTIN DB11 151
SUBARU IMPREZA 148
ALPINA A110 143
LEXUS CT 142
MASERATI GHIBLI 140
LEXUS IS 133
NISSAN 370Z 129
SUBARU BRZ 121
CITROEN C-ZERO 113
VOLVO ’40 90
NISSAN GT-R 77
FORD C-MAX 72
VOLKSWAGEN ID.4 72
INFINITI Q30 67
ROLLS-ROYCE CULLINAN 65
LOTUS ELISE 65
LEXUS RC 60
LEXUS LC 58
MASERATI GRANTURISMO 52
IVECO EUROCARGO 45
BMW IX3 35
MORGAN ‘4/4 32
ASTON MARTIN DBX 23
SSANGYONG REXTON 21
POLESTAR 1 20
MASERATI QUATTROPORTE 18
CADILLAC XT4 16
INFINITI Q50 13

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen сам ги произведува деловите за електричниот ID.4

Volkswagen сам ги произведува деловите за електричниот ID.4

Продажбата на Volvo продолжи да расте и во ноември