за

Продажбата на Volvo продолжи да расте и во ноември

Шведската марка ја зголемила продажбата во ноември за 6,4 проценти во споредба со истиот месец лани. Најпродаван модел годинава останува Volvo XC60.

Volvo Cars продолжи да ја зголемува продажбата и во ноември, со раст од 6,4% во споредба со ланскиот ноември. За растот е најзаслужна одличната продажба на кинескиот пазар, но и во САД, каде што последните месеци целосно надоместија за намалената продажба при првиот корона-удар.

Во претпоследниот месец од годината, Volvo Cars продаде вкупно 66.579 автомобили. Исто како и досега, главниот мотор на продажбата на шведската марка се СУВ-моделите.

Уделот на моделите Recharge, каде што спаѓаат целосно електрични и приклучни хибридни модели, зголемен е за повеќе од двојно до крајот на ноември во споредба со истиот период лани. Овие модели учествуваат со вкупно 16,4 проценти во вкупната продажба на Volvo во светски рамки. Само во Европа, уделот на Recharge достигна дури 27,8 проценти во истиот период.

Вкупно во првите единаесет месеци, Volvo Cars продаде 582.997 автомобили. Тоа уште е за 7,6 проценти послабо во споредба со лани и секако се должи на корона-кризата.

Затоа, пак, во Кина е забележан историски рекорд со 18.032 автомобили или за 24,3% повеќе отколку лани во ноември. Вкупно во периодот, растот на кинескиот пазар изнесува 7,2 проценти во споредба со лани.

Во минатиот месец порасна и продажбата во САД, со 11.590 автомобили или за 20,3% повеќе од ноември лани. Вкупно досега се продадени 95.885 автомобили, односно исто колку лани до номеври.

Европа регистрирала 26.094 нови автомобили Volvo во ноември, што е за 10,8% помалку од истиот месец лани. Во периодот од јануари до ноември, на европскиот пазар биле продадени за 17,0% помалку возила отколку лани.

Најпродаван модел во ноември е стандардниот бестселер XC60 со 169.445 примероци, пред компактниот СУВ-модел XC40 (со продадени 161.329 примероци) и луксузниот XC90 (со 80.275 примероци). Уделот на СУВ-моделите во вкупната продажба изнесува дури 73,4 проценти. Лани во истиот период, нивниот удел изнесувал 68 проценти.

>>> Volvo ќе им продава СО2-кредити на останатите производители

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кои автомобили се продавале најслабо годинава во Германија

Кои автомобили се продавале најслабо годинава во Германија?

Еден милион вонбродски мотори на Suzuki произведени во Тајланд

Еден милион вонбродски мотори на Suzuki произведени во Тајланд