за

Volvo ќе им продава СО2-кредити на останатите производители

Volvo и стратешкиот партнер Polestar се под лимитот за СО2 што го одреди ЕУ. Тоа отвора простор за добар бизнис, на производителите им се исплатува да бидат „чисти“.

Volvo XC40 Recharge P8 na priklucok

Volvo Cars и посестринската марка за електрични автомобили Polestar се далеку под лимитот за емисија на СО2 што го постави Комисијата на ЕУ. Компанијата ќе продолжи да вложува во чистиот погон на струја, кој станува и повратна инвестиција.

Volvo Cars и Polestar, како корпорација Volvo Car, потпишаа спогодба за таканаречен СО2-пулинг со Ford. Авотмобилите на шведската компанија испуштаат помалку СО2 од вредноста што ЕУ ја поставува како лимит. Таа разлика во вредноста сега ќе може да ја искористи Ford и да ја вклучи во својот возен парк, што ќе овозможи и американскиот гигант да ги исполни строгите барања на Унијата.

Европската Комисија предвидува ваков вид на СО2-пулинг, кога еден производител што е под лимитот, може да продава „кредити“ на други производители кои не ги исполнуваат нормите за заштита на климата. Надоместот што ќе го добие од Ford за оваа услуга, Volvo ќе го вложи во нови проекти за развој и унапредување на чиста погонска технологија.

Хакан Самуелсон, извршен директор во Volvo Car Group, по овој повод изјави дека „иднината за групацијата е електрична и ние ја трансформираме нашата компанија преку конкретни акции“. Шефот понатаму посочи дека зделката со Ford ја докажува исправноста на стратегијата на Volvo.

Volvo Cars беше прв голем производител на автомобили што се обврза за целосна електрификација на своите модели и единствен нуди варијанти со приклучен хибриден погон во секоја моделска серија во својата гама. Во следните години ќе се воведуваат и чисто електрични верзии. Наскоро започнува испораката на XC40 Recharge, првиот модел на струја на Volvo.

Фабриките на Volvo во Кина се враќаат во погон

Автомобилите со приклучен хибриден погон учествуваат со една чевртина во продажбата на Volvo во Европа во првите три квартали од годинава. Според статистиките, Volvo е најпродавана премиум марка на пазарот на автомобили со приклучен хибриден погон во Европа. По 2025 година, половина од понудата на Volvo ќе бидат хибридни, половина електирчни модели.

Во меѓувреме започна со испорака Polestar 2, кој се покажа како вистински погодок и еден од најбараните модели на пазарот на електрични автомобили на европскиот пазар, главен конкурент на Tesla Model 3.

>>> Volvo развива електричен модел во класата на Polo

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Концернот Volkswagen се врати во зоната на профитабилност

Концернот Volkswagen се врати во зоната на профитабилност

toyota 2000gt светска премиера 55 години

Пред 55 години Toyota го претстави првиот јапонски суперавтомобил