за

Концернот Volkswagen се врати во зоната на профитабилност

Бизнисот на концернот Volkswagen во првите девет месеци од годинава претрпе силен удар од пандемијата, но веќе во третиот квартал се бележи големо подобрување.

Концернот Volkswagen се врати во зоната на профитабилност

Од јануари до септември, сите марки на концернот испорачале заедно 6,5 милиони возила, што е 18,7% послабо од лани. Соодветно се намалил и прометот за 16,7 проценти, на 155,5 милијарди евра. Резултатите од третиот квартал веќе покажуваат позитивен тренд. Оперативната заработка за периодот од јули до септември изнесува 2,4 милијарди евра.

Нето заработката на концернот за првите девет месеци изнесува 1,4 милијарди евра, што е далеку подобар резултат во споредба со билансот на крајот на јуни, кога беше забележана загуба од 4,8 милијарди евра.

По одделните марки, Volkswagen до септември пласирал 1,9 милиони возила, што е за 31,1% под ланскиот резултат во истиот период. Прометот исто така се намалил за 27,9% и изнесува 47,2 милијарди евра. Матичната марка во досегашниот тек на годината е во минус во висина од една милијарда евра.

Продажбата на премиум марката Audi до крајот на септември достигнала 682.000 возила. Преку заедничката инвестиција FAW-Volks­wagen во Кина, продадени се уште 475.000 возила од марката Audi. Прометот се намалил на 33,3 (лани 41,3) милијарди евра. Заработката изнесува 200 милиони евра. Во финансиските резултати на Audi се вклучени и бројките на марките Lamborghini и Ducati. Сант Агата во првите три квартали испорачала 5.696 (лани 6.418) возила, додека Ducati пласирал 34.160 (лани 42.506) мотоцикли.

Škoda до септември продала 596.000 возила или за 25,9 проценти помалку од лани. Прометот изнесува 12,0 (14,8) милијарди евра, додека оперативната заработка се намалила на 469 (1.175) милиони евра.

Во периодот до септември, Seat испорачал 319.000 автомобили и тоа е за 38,3% послабо од лани. Прометот се намалил за 31,5% и изнесува шест милијарди евра. Намалената продажба поради корона предизвика и загуба на шпанската марка во висина од 290 милиони евра.

Луксузната марка Bentley до септември испорачала 7.610 (7.224) возила. Прометот пораснал на 1.397 (1.306) милиони евра. Оперативната заработка сепак е во минус во висина од 52 милиони евра.

Од марката Porsche во трите квартали досега се испорачани 181.000 возила и тоа е за 11,6 проценти под ланскиот резултат. Прометот се намалил на 17,5 (18,7) милијарди евра. Спортската марка заработила 1,9 (3,2) милијарди евра.

Од марката доставни возила Volkswagen, низ светот биле испорачани 250.000 (344.000) возила до септември. Прометот е намален за 23,8 проценти и изнесува 6,7 милијарди евра. Загубата за првите девет месеци од 2020 година изнесува -362 (лани +497) милиони евра.

Scania Vehicles and Services постигнала продажба од 49.000 (76.000) возила. Прометот изнесува 8,1 (10,4) милијарди евра, заработката се намалила на 419 милиони евра, од 1.209 милиони евра лани.

Билансот на одделните марки на концернот Volkswagen го комплетира MAN, со 80.000 продадени возила или за 23,4% помалку од лани. Прометот се намалил на 7,5 (9,2) милијарди евра, оперативниот биланс изнесува -461 (297) милиони евра.

>>> Volkswagen нарача 2.200 роботи за производство на новите модели

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричен автобус Mercedes eCitaro G на редовна линија во Цирих

Електричен автобус Mercedes на редовна линија во Цирих

Volvo XC40 Recharge P8 na priklucok

Volvo ќе им продава СО2-кредити на останатите производители