за

Електричен автобус Mercedes на редовна линија во Цирих

Кусо по почетокот на производството, двозглобниот градски автобус на Mercedes со погон на струја веќе е пуштен во сообраќај во швајцарскиот град Цирих.

Електричен автобус Mercedes eCitaro G на редовна линија во Цирих

Првиот двозглобен автобус со погон на струја имаше премиера пред само неколку недели, а веќе сообраќа во Цирих. Mercedes-Benz eCitaro G превезува патници меѓу две локации на коишто се развива висока технологија. Електричниот eCitaro вози меѓу две локации на Електротехничкиот Факултет, едната во Центарот, другата во Хенгерберг.

Компанијата Eurobus, најголема приватна компанија за автобуски превоз во Швајцарија, стана и пионер на електричниот погон. Таа прва го пушти во редовна примена првиот двозглобен електричен автобус, Mercedes eCitaro G.

Линијата се води како „ETH Link“ и претставува најбрза врска меѓу двете универзитетски локации. Претходно на оваа линија се користеа минибуси со дизел мотор, а сега како нивна замена пристигнаа три примероци од електричниот автобус. Двозглобниот Mercedes-Benz eCitaro G е долг 18,13 метри и поседува пантограф на покривот, за полнење на батеријата меѓу две станици.

Директорите на превозникот Eurobus се особено импресионирани од тивкото возење, комфорниот пристап и од дизајнот. Струјата што се користи за полнење на батеријата потекнува строго од обновливи извори, конкретно од хидроцентрали.

Автобусите ја полнат батеријата на станицата во Хенгерберг на полнач со моќност од 300 kW. Полнењето е преку пантограф, нема потреба од приклучување кабел. Батеријата има капацитет од 243 kWh.

Капацитетот е 131 за патници, со 38 седишта и 93 места за стоење, плус две места за инвалидска количка. Патниците имаат пристап до мрежа, полначи USB, кабината е климатизирана. Трите автобуси почнуваат со линиски превоз во 7 часот наутро, завршуваат во 7 часот навечер.

>>> Бретања нарача 92 електрични автобуси Mercedes eCitaro

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

One Comment

Одговори
  1. Почитувани!
    Повелете во Осло, Норвешка, каде скоро сите автобуси се електрични.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw-545e-xdr тимо глок

Како фабрички возач тестира хибридна BMW „петка“

Концернот Volkswagen се врати во зоната на профитабилност

Концернот Volkswagen се врати во зоната на профитабилност