за

Еден милион вонбродски мотори на Suzuki произведени во Тајланд

Продажбата на вонбродски мотори на Suzuki Motor порасна за 9 проценти во првите девет месеци од годинава. Тајландската фабрика има голем придонес за тоа.

Еден милион вонбродски мотори на Suzuki произведени во Тајланд

Огранокот на Suzuki Motor во Тајланд има голем удел во успешниот бизнис на јапонската корпорација со вонбродски мотори. Фабриката на Thai Suzuki Motor произведе еден милион погонски единици.

Славеничкиот вонбродски мотор од Тајланд е Suzuki DF30A во класична црна боја што се води како „Nebular Black“. Огранокот на корпорацијата Suzuki Motor има фабрика во Патум Тани, во областа Танијабури, блиску до престолнината Бангкок.

Фабриката го постигна историскиот успех по 21 година и еден месец од почетокот на производството на вонбродски мотори во Thai Suzuki Motor во 1999 година. Врската на Тајланд со јапонскиот производител датира од многу поодамна, уште од 1968 година, кога Suzuki ја отвори фабриката како свој прв производствен погон надвор од Јапонија. Тогашната стратегија на корпорацијата Suzuki беше големиот локален пазар да се снабдува со мотоцикли.

Производството на мотоцикли во Thai Suzuki и денес се одвива под полна пареа. Дополнително се произведуваат 17 модели на вонбродски мотори. Пет од овие мотори се двотактни, со моќност меѓу 9,9 и 40 КС, додека 12 се четиритактни, со дијапазон на моќност меѓу 2 и 30 КС. Овие вонбродски мотори се испорачуваат на целиот светски пазар, вклучувајќи ја и Јапонија.

Во периодот до крајот на септември, корпорацијата ја зголемила продажбата на вонбродски мотори за 9 проценти во споредба со истиот период лани. Посебно е зголемен интересот за моделите со средна и висока моќност (четиритактни мотори од 40 до 350 КС), кои излегуваат од фабриката во Косаи. Нивната продажба пораснала за 12 проценти.

Најголемиот мотор на Suzuki е 4.0 V6 и се вградува во …глисери!

Најголемиот мотор на Suzuki е 4.0 V6 и се вградува во ... глисери

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Продажбата на Volvo продолжи да расте и во ноември

Новата Toyota GT86 со големи изгледи да пристигне во Европа

Новата Toyota GT86 со големи изгледи да пристигне во Европа