за

Mercedes G-Class достигна 400.000 произведени примероци

Теренската легенда е произведена во 400.000 примероци од стартот во 1979 година. Славеничкиот модел е Mercedes G 400 d.

Mercedes G-Class достигна 400.000 произведени примероци

Mercedes-Benz G-Class го доживеа 400-илјадитиот произведен примерок, откако првиот примерок со култното моделско име ги напушти производствените ленти во 1979 година. Јубилејното 400.000-то возило од фабриката во Грац е црвен Mercedes G 400 d, наменет за верен клиент од Рајнланд што моментно располага со 20 примероци од легендарниот теренец.

За нешто подолго од три години откако беше одбележано производството на 300-илјадитиот примерок, Mercedes-Benz G-Class веќе го објавува преоѓањето на следниот голем праг, на 400.000 произведени примероци од моделот. Моментната побарувачка ги надминува производствените капацитети на фабриката на Magna Steyr во австрискиот Грац. По повод големиот јубилеј, производителот најави дека моделот во иднина ќе биде достапен и во изведба со електричен погон.

Грижата кон животната средина ќе се искажува и преку преоѓањето на СО2-неутрално производство во австриската фабрика во 2022 година, исто како во останатите фабрики во ланецот на Mercedes-Benz AG. Покрај тоа, фабриката ќе ја намали потрошувачката на вода и ќе го намали отпадот, во исто време зголемувајќи го обемот на рециклирање.

Новото издание на Mercedes G-Class започна со производство во летото 2018 година. При развојот на новата генерација беше ставен нагласок за возилото да понуди врвни својства и при возење по терен и по асфалт. За таа цел, модерниот теренец е опремен со низа системи за асистенција, но и со три диференцијали со 100-процентна блокада.

Од септември е значително збогатено нивото на сериска опрема, а се зголеми и бројот на ставки што се вградуваат по посебна нарачка во „G manufaktur“. Три од секои пет купувачи на Mercedes G-Class се решаваат за таква опција. Долгиот дводелен дисплеј во кокпитот сега се вградува стандардно.

Mercedes G-Class Experience Center
Mercedes G-Class Experience Center

За сопствениците на G-Class и љубителите да ги искусат врвните теренски својства на автомобилот, од пролетоска стои на располагање G-Class Experience Center во близина на Грац. Таму може лично да се искусат најесктремни теренски сценарија

G-Class е топ-модел во понудата од луксузни теренски возила. Тоа е најдолго произведуваната моделска серија во историјата на Mercedes и воедно прататко на сите СУВ-модели со сребрената ѕвезда – од таа причина, ознаката на сите тие модели почнува со буквата G

Поглавјето почна во 1972 година преку соработката меѓу тогашниот DaimlerBenz AG и Steyr-Daimler-Puch. При премиерата на моделот во пролетта 1979 година, „G-Modell“ се нудеше со избор од 4 мотори, меѓу 72 и 156 КС. Со генерацијата 463 од 1989 година почна да се гради ексклузивниот карактер на теренската икона. Од 1993 година, официјално се користи името G-Class.

Во само 99 примероци: Mercedes-Maybach G 650 Landaulet

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со Toyota Yaris Hybrid во Велес, градот на поетите и гемиџиите

Volkswagen сам ги произведува деловите за електричниот ID.4

Volkswagen сам ги произведува деловите за електричниот ID.4