за

Електричниот Volkswagen ID.4 вози спортски

Со задна оска со пет водилки, различна димензија на гуми и избор од програми за возење, електричниот СУВ Volkswagen ID.4 ќе им прави задоволство и на спортските возачи.

Електричниот Volkswagen ID.4 вози спортски

Подвижен во град, темпераментен на отворено, релаксиран на автопат. Тоа во ветува Volkswagen за својот ID.4, кој ќе биде универзалец и воедно ќе биде лесен и едноставен за возење. Многу знаење е вложено во подвозјето, како во механиката, така и во електрониката.

Возачите на електрични автомобили добро го знаат тоа: Ниското тежиште, поради тешката батерија во подот, придонесува за спортски возни својства. Volkswagen ID.4 уште во конструкцијата има одлични предуслови за спортски карактер, затоа што има погон назад. Уште еден податок говори за тоа: Распределбата на тежината меѓу двете оски е во сооднос 50:50.

Првпат во Volkswagen, преносниот механизам за управувањето е пред средината на тркалата. Тоа гарантира висока стабилност при брзо возење во свијоци. Задната оска е комплетно нова и мошне е сложена. Станува збор за компактна задна оска со пет водилки и со помошна рамка што еластично е споена со каросеријата. Делови од водењето на тркалата се од алуминиум.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Основниот модел користи тркала од 18 инчи, додека во повисоките нивоа следат тркала од 19 инчи. По желба, Volkswagen ќе вгради и тркала од 20 или 21 инчи. За подвижноста во град говори пречникот на круг на вртење од 10,2 метри. За оваа класа, тоа е близу до рекорд.

Во базните верзии ID.4 Pure и ID.4 City, гумите се широки 235 милиметри. Останатите изведби на Volkswagen ID.4 користат различни димензии: 235 mm напред и 255 mm назад

Предните сопирачки дискови кај изведбите со батерија од 77 kWh располагаат со пречник од 358 милиметри. Назад се користат барабан сопирачки, со облоги што се димензионирани за целиот век на експлоатација на возилото. Причината за примената на барабан-сопирачки е во нивната поголема отпорност на корозија наспроти диск-сопирачките. Поради реткото користење на сопирачките во возачкото секојдневие на електричниот автомобил – затоа што забавувањето го презема електромоторот, кој во тие ситуации дејствува како генератор – на диск сопирачките би можело да се појави корозија, што ќе го влошува дејството на истите.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Спортскиот пакет „Plus“ е достапен со доплата во топ-изведбата ID.4 Max. Тој меѓу другото содржи прогресивно управување, односно управување со променлив преносен однос, кој се менува меѓу 15,9:1 и 14,5:1, зависно од аголот на вртење. Следен дел од пакетот е приспособливото подвозје DCC, што работи зависно од подлогата и од ситуацијата во возење. Секое тркало се регулира посебно, со фреквенција до 200 пати во секунда. Тоа овозможува висок комфор, но и цврст контакт со подлогата. Овие две ставки се поврзани со бирачот на профили за возење: Eco, Comfort, Sport и Individual.

Систем што се нарекува електронски менаџер на возна динамика, овозможува нагласено спортски возни својства кога возачот ќе го побара тоа. Овој систем работи заедно со контролата на стабилноста и исто така се вградува во новиот Golf. Дејството се состои во тоа што системот по потреба подзапира одделно тркало или повеќе тркала, со цел да го стабилизира возилото или да обезбеди подобра тракција. Мајсторијата е во тоа што системот е поврзан со електронската симулација на блокада на диференцијал и со активната амортизација DCC.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Понудата во почетокот ќе ја сочинуваат осум моделски изведби. ID.4 како прв електричен СУВ на Volkswagen и прв модел со погон на струја за светскиот пазар, по воведната серија 1ST Edition ќе биде достапен со осум претходно конфигурирани изведби. Батеријата е со капацитет од 52 или 77 kWh, досегот е до 520 километри според WLTP. Електромоторот се нуди во три варијанти, меѓу 148 и 204 КС.

>>> Volkswagen почна со резервации за електричниот ID.4

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Sorento е најдобриот автомобил на годината за CarBuyer

Kia Sorento е најдобриот автомобил на годината за CarBuyer

Илон Маск заработи 775 милиони американски долари

Илон Маск го престигна Бил Гејтс