за

Илон Маск го престигна Бил Гејтс

Шефот на Tesla, Илон Маск, го претрка основачот на Microsoft, Бил Гејтс, и тој сега е втор најбогат човек на планетата.

Илон Маск заработи 775 милиони американски долари

Брзиот скок на американскиот производител на електрични автомобили Tesla на берзата донесе и ново зголемување на богатството на шефот на фирмата Илон Маск. На списокот на најбогати милијардери на Блумберг, 49-годишниот претприемач и светска ѕвезда, во понеденикот го престигна Бил Гејтс и со тоа стана нов втор најбогат човек во светот.

Продолжуваат рекордите на Tesla на берзата, забрзано расте и вредноста на акциите. Tesla на берзата првпат надмина вредност од 500 милијарди долари. Тоа го вбројува претпријатието основано во 2003 година меѓу највредните акционерски друштва во САД.

Благодарение на големиот скок во вредноста на акциите за 6,5 проценти, богатството на Маск за еден и единствен ден се зголеми за 7,2 милијарди долари и сега изнесува 127,9 милијарди долари (околу 108 милијарди евра). Од почетокот на годината, тоа порасна за повеќе од 100 милијарди долари.

Гејтс се најде на списокот на супербогаташите со 127,7 милијарди долари. Неговото богатство ќе беше уште поголемо, доколку не трошеше масивно на донации. На врвот на списокот на милијардери и натаму е неприкосновен шефот на Amazon, Џеф Безос, чиешто богатство според индексот на Блумберг изнесува 182 милијарди долари.

Маск и Безос, како големи акционери во своите компании, профитираат главно од големиот раст на вредноста на акциите на берзата. Акциите во Tesla во последните 12 месеци пораснаа за 675 проценти. Со 500 милијарди долари, концернот е на врвот во автомобилската бранша.

Списокот се раководи според проценети вредности, врз основа на јавно достапни информации, како акции, недвижнини, уметнички дела и останати луксузни предмети. На списокот на милијардери на Форбс, Маск е на четвртото место со 110,5 милијарди долари.

>>> Илон Маск лично ќе ги интервјуира германските инженери за работа во Tesla

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот Volkswagen ID.4 вози спортски

Електричниот Volkswagen ID.4 вози спортски

Најдобрите автомобилски бркотници на филм според срцето