Менаџерка од Гугл ќе раководи со маркетингот на Volkswagen

Марката Volkswagen ја именуваше Нели Кенеди за нова директорка за маркетинг. Кенеди во моментов ја извршува функцијата на директорка за глобален маркетинг за Гугл во Калифорнија, каде што работи од април 2015 година.

Новата директорка ќе стапи на функцијата во Volkswagen во средината на февруари, на местото на Јохен Зенкпил, кој продолжува да работи за Volkswagen во Кина.

Задачата на Кенеди ќе биде на германскиот производител на автомобили да му го „врати имиџот на вистинска народна марка“, напиша во соопштението шефот на марката Volkswagen, Томас Шефер.

Шефицата за продажба и маркетинг на марката Volkswagen, Имелда Лабе, вели дека искуството на Кенеди ќе даде „решавачки придонес“, на Volkswagen да му се даде јасен профил на марка во сите региони и марката да ја врати улогата на „вистинска марка на љубовта“.

Пред да почне да работи за Гугл, Кенеди беше директорка за дигиталните активности на Conde Nast International, во периодот меѓу 2013 и 2015 година.

Менаџерката извршувала и повеќе раководни функции во глобалниот маркетинг на марката  за спортска опрема Adidas, каде што таа има работено подолго од една деценија. Последната фиункција на Кенеди во Adidas била глобална потпретседателка за дигитален маркетинг и односи со јавност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Volkswagen (@volkswagen)

Пред да стапи во светот на бизнисот, Кенеди студирала односи со јавност на Универзитетот Виена. Кенеди има стекнато и магистерска титула по интернационален маркегинг на Универзитетот Калифорнија, Беркли.

Назначувањето на Кенеди е дел од пошироката реорганизација во менаџментот на групацијaта Volkswagen, што започна во август, под новиот извршен директор Оливер Блуме. Во исто време на функција на извршен директор на Porsche, Блуме вели дека промените ќе им донесат поголема одговорност за бизнисот на марките што спаѓаат во концернот.

Овие модели на Volkswagen ретко кој ги знае

Претходна објаваStellantis ќе ја удвои фабриката во Мароко, вложува €300 милиони
Следна објаваSuzuki има нов V-Strom, реден мотор во замена за V-Twin

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here