Suzuki има нов V-Strom, реден мотор во замена за V-Twin

Suzuki има продадено 440.000 примероци од V-Strom од 2002 година. Од следната година, на постоечките модели V-Strom 650 и V-Strom 1050 им се придружува новиот V-Strom 800, како проширување на понудата на мотоцикли за авантуристи.

Новиот „800“ со цената и перформансите е блиску до постоечкиот Suzuki V-Strom 650, којшто сепак ќе остане во понудата, барем уште во следната година. Но, сосем е извесно дека 650-ката, порано или подоцна ќе биде заменета со новиот V-Strom 800.

Буквата V во ознаката на новиот модел не се однесува на моторот, затоа што за разлика од моделите со 650 и 1050 сантиметри кубни, коишто имаат мотор V-Twin, па соодветно и името на моделот е V-Strom, туку има нов мотор со два цилиндри во линија. Тоа станува вообичаено во средната класа, па и во повисоките класи. Во иднина и Suzuki ќе ги користи предностите на широко распространетиот принцип со од 270 степени агол меѓу ракавците на колената. На тој начин се постигнува исто растојание меѓу палењата, вклучувајќи и ист карактер и ист звук, како кај V-Twin со 90 степени агол меѓу цилиндрите, во постоечките модели V-Strom.

Редниот двоцлинударец од 776 сантиметри кубни е комплетно нов мотор, со најсовремена техника. Тоа вклучува водено ладење, впрскување на горивото со електронско управување на клапната (Ride by wire), како и две брегасти вратила во главата и четири вентили по цилиндар. Според Suzuki, посебност на моторот е патентираната положна на двете балансирачки вратила, што заедно ги потиснуваат инерцијалните сили од прв и од втор ред. Тие се поставени со 90 степени агол меѓу ракавците на колената и Suzuki ги нарекува Cross Balancer.

https://photos.app.goo.gl/f5Uut6UHnMG11eDq8

Работната зафатнина од 776 cm3 прозлегува од 84 милиметри пречник и 79 милиметри óд. Компресијата е релативно висока, 12,8:1. Врвната моќност изнесува 84,3 КС (62 kW) при 8.500/min – тоа е за 1 kW повеќе во споредба со исто така новиот Naked Bike GSX-8S, во којшто работи истиот мотор. Максималниот вртежен момент е 78 Nm при 6.800/min. Како просечна потрошувачка, според нормата WMTC се наведува 4,4 литри – 0,2 литар повеќе од GSX-8S. Стандард е шестстепен менувач со лесна слипер-спојка, исто како и квикшифтер заедно со блипер. Тоа значи дека може да се префрлува во повисок или понизок степен, без да се повлекува рачката на спојката.

https://photos.app.goo.gl/toXBt6zhYu6SFqzB9

Сите светла се диодни, дисплејот во боја е со пречник од 13 сантиметри, има три режими на возење, четири степени на контрола на тракција, автоматски старт и зголемување на вртежите при поаѓање или при застој на патот. Дополнителниот, 4-ти степен на контролата на тракција се води како Gravel и дозволува малку повеќе пролизгување на задното тркало. ABS има дополнителен режим за теренско возење, а може и целосно да се исклучи на задното тркало.

https://photos.app.goo.gl/H8A2Ae6ajBE4tfe99

Шасијата е конвенционална, барем во случај на изведбата V-Strom 800 DE (Dual Explorer), што Suzuki ја претставува прва. Рамката е од челични цевки и профили, задната дводелна осцилирачка нога е од алуминиум, со централен амортизер, и телескопска вилушка Upside-down. Вилушката и амортизерите имаат целосна приспособливост и производ се на Showa. Постои рачно тркало за едноставно предзатегнување на задниот амортизер. Долгите одови, со 220 милиметри напред и назад, прават вистински ендуро од V-Strom 800 DE. Тоа важи и за жичените тркала, посебно за предното тркало со пречник од 21 инчи. Димензијата на предната гума е 90/90-21, на задната 150/70R17.

Со 20 литри резервоар, V-Strom 800 DE тежи 230 килограми. Седиштето е релативно високо, со 855 милиметри, без можност за местење. Ветробранот може да е поместува во два степени, по 15 милиметри. Стандардната опрема опфаќа пластични шитници на рачките на алуминумскиот гидан, на моторот, па дури и на ладилникот за вода, што е одличен потег.

https://photos.app.goo.gl/u2gXzYHyouy4X63i6

https://photos.app.goo.gl/mtnefrCLzExXhwFd7

https://photos.app.goo.gl/2EbUQXNpxrohfvtH7

Suzuki V-Strom 1050 DE за уште подолги авантури по теренот

Претходна објаваМенаџерка од Гугл ќе раководи со маркетингот на Volkswagen
Следна објаваГерманија блокира Кинезите да купат удел во две фабрики за микрочипови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here