за

Германија блокира Кинезите да купат удел во две фабрики за микрочипови

Владата во Берлин стави вето, за Silex, шведска компанија што е подружница на кинеската групација Sai Microelectronics, да ја преземе фабриката за чипови Elmos во Дортмунд.

Германската влада стави блок за можна кинеска инвестиција во две домашни фабрики за микрочипови, поради загриженост за националната безбедност и опасноста дека чувствителни технолошки знаења ќе се пренесат во Пекинг.

Од компанијата Elmos изјавија дека одлуката ќе има негативно влијание врз производството на микрочипови во Германија. „Трансферот на нови технологии за микромеханика (MIMS) од Шведска и значајните инвестиции во фабриката во Дортмунд ќе го зајакнеа производството на микрочипови во Германија“, пишува во соопштението од Elmos.

Elmos развива, произведува и продава полупроводнички компоненти, што се користат главно во автомобилската индустрија, за системи што служат за безбедност, комфор, погон и вмрежување.

Берлин ја блокираше и инвестицијата во ERS Electronic, со седиште во Баварија. Претставник од ERS Electronic соопшти дека не постојат планови за компанијата да се продаде, туку се истражува можноста да се привлече инвестиција од кинеска компанија за финансиски менаџмент.

Двете одлуки се донесуваат во време кога се заострени односите меѓу Берлин и Пекинг.

Владата на канцеларот Олаф Шолц, кој минатата недела ја посети Кина, се обидува да воспостави рамнотежа, додека од една страна притиска на европските компании да им се овозможи пристап на кинескиот пазар, а од друга страна постои загриженост околу безбедноста и се бараат начини за Германија да ја намали трговската зависност од Кина.

Канцеларот ја преиспитува политиката кон Кина, посебно откако во февруати почна војната во Украина, со што се покажа големата зависност на Германија од увозот на руски гас.

Мораме внимателно да ги разгледуваме преземањата на компаниите, кога станува збор за важна инфрастуктура или кога постои опасност дека технологијата ќе премине на купувачи што не се од државите во ЕУ“, наведува во соопштението министерот за економија Роберт Хабек.

Посебно во секторот на полупроводници, важно ни е да ја заштитиме технолошката и енономска самостојност на Германија и Европа. Секако, Германија е, и ќе остане важна локација за инвестирање, но и ние не сме наивни“, изјави Хабек.

Претставник од кинеското министерство за надворешни работи изјави дека Пекинг бара фер и отворена средина за кинеските инвестиции.

По донесувањето на одлуката, Хабек изјави дека Кина прави „намерен, стратешки пристап, за да стекне знаење и контрола врз производството, посебно во подрачјето на производството на полуроводници и микрочипови“.

Шолц претходно ја истурка одлуката, на Кина да ѝ се дозволи да купи малцински удел во пристаништето во Хамбург, најголемо во земјата, иако за тоа силно се противеа од неговата коалиција. Одлуката предизвика остри реакции од Министерството за надворешни работи, коешто предупреду дека со таа инвестиција непропорционално се зголемува стратешкото влијание на Кина.

Производители на чипови: Авто-концерните се виновни за кризата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki има нов V-Strom, реден мотор во замена за V-Twin

Мис на Франција вози електрично Peugeot е-2008