за

Мис на Франција вози електрично Peugeot е-2008

Дијан Лејр, актуелна Мис на Франција, доби нов автомобил од Peugeot, целосно електричен e-2008.

Мис Дијан, најпретставителната Французинка за 2022 година и убавица што е чувствителна на темите што се поврзани со зачувувањето на животната средина, повеќе нема причина да биде загрижена кога со својот автомобил се движи низ Париз. Новиот автомобил на Дијан Лејр вози целосно на струја, тоа е Peugeot e-2008, секако во врвната изведба GT.

Според Peugeot, светот на автомобилите се потпира врз три нешта: Allure како привлечност, Excellence како извонредност и Emotion како емоција. Како делува привлечноста, се покажува со тоа што амбасадорката на најубавото од Франција избра 100% електричен Peugeot. Исклучителноста се однесува на тоа што Дијан Лејр, Мис Франција 2022, може да биде спокојна околу своето влијание врз животната средина, затоа што нејзиниот автомобил не испушта ниту грам штетни материи. Третото и најважното, емоциите, се однесуваат на темпераментните возни својства и тивката работа на Peugeot e-2008.

Електричниот кросовер е првиот автомобил на Мис Дијан, што таа го презеде од дилерството на Peugeot во Нантер, речиси веднаш по добивањето возачка дозвола. Францускиот производител го рекламира овој чин посочувајќи дека убавицата ќе може да се движи со својот Peugeot e-2008 GT лесно и без да загадувам, особено во густo населениот регион Ил де Франс, каде што таа живее.

Првиот целосно електричен СУВ на Peugeot располага со електромотор што постигнува максимум 100 kW, односно 136 КС. Батеријата од 50 kWh е доволна за 345 километри возење без потреба за дополнување. На Дијан посебно ѝ се допаѓа седењето на високо во електричната изведба на 2008. Мис е посебно импресионирана и од i-Cockpit 3D и од лесното ракување со кокпитот.

Откако Peugeot го пушти 2008 во продажба во 2020 година, моделот се покажа мошне успешен. Peugeot 2008 е петти најпродаван модел во Франција, а посебно е популарна неговата изведба со погон на струја е-2008.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германија блокира Кинезите да купат удел во две фабрики за микрочипови

Овој Mercedes-Benz ги превезуваше фудбалерите на светското првенство во 1974