за

Volkswagen ќе гради сопствена мрежа од фабрики за батерии во Европа

Volkswagen во следните неколку години ќе изгради мрежа од сопствени фабрики за батерии за електрични автомобили.

Volkswagen вложува 450 мио € во фабрика за батерии

Најголемиот автомобилски концерн во Европа до 2030 година ќе изгради сопствена мрежа од фабрики за монтажа на батерии за електрични возила. Покрај моментната продукција во фабриката во Залцгитер, Volkswagen ќе ангажира уште пет фабрики. Овие фабрики ќе обезбедат сопствено снабдување со суштинската компонента на електромобилноста.

Шефот на работничкиот совет на Volkswagen, Бернд Остерло, бара во Германија да се отвори уште една фабрика за батерии. „Гигафабриките“ се планира до 2030 година да достигнат продукција на батериски ќелии со енергетски капацитет од вкупно 240 гигаватчасови на годишно ниво.

Капацитетот на фабриката во Залцгитер исто така ќе се зголеми значително над претходно предвидениот обем. Втората локација е Скелефтеа во северна Шведска. Концернот Volkswagen таму веќе соработува со фирмата Northvolt. Во план се уште четири фабрики. Можно е една од тие фабрики да биде во Марторел, кај Seat.

Вложувањата на Volkswagen се одговор на плановите на Tesla

Изградбата и проширувањето на сопствени производствени капацитети за компоненти за електрични возила се клучна тема во автомобилската бранша. Производителите мораат да го зголемуваат бројот на модели со алтернативен погон во своето портфолио, заради исполнување на строгите цели за заштита на климата и на животната средина. Често пати се јавуваат тесни грла во испораката на неопходните батериски ќелии – европските производители зависат главно од добавувачите во Азија.

Најавените инвестиции од Volkswagen се одговор на плановите на американскиот ривал Tesla. Илон Маск во Берлин ќе ја гради најголемата фабрика за батерии во светот. Во 2023 година, Volkswagen ќе воведе сопствен стандаризиран тип на ќелии. Тоа ќе овозможи да се намали бројот на користени варијанти, што понатаму ќе води и до постепено намалување на цената на батериите за најдостапните електрични модели за 50 проценти.

Волфсбург во соработка со енергетските и нафтените концерни ќе ја проширува јавната мрежа од електрични полначи во Европа. До 2025 година на континентот ќе работат 18.000 брзи полначи за електрични автомобили. Volkswagen вложува 35 милијарди евра во електромобилноста. Заедно со тропоците за вмрежување и дигитализација, вкупната инвестиција изнесува 73 милијарди евра.

>>> Volkswagen вложува 450 мио. € во фабрика за батерии

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

забрана дизел франкфурт, евтини дизели

Повеќе држави на ЕУ бараат краен рок за обичните мотори

Ford Mustang

Само V8 во Ford: Четирицилиндарецот си замина од Mustang