за

Повеќе држави на ЕУ бараат краен рок за обичните мотори

Голем број членки на ЕУ бараат да се забрза збогувањето со моторите со внатрешно согорување.

забрана дизел франкфурт, евтини дизели

За достигнување на целите за заштита на климата, мора брзо да се донесе краен рок до којшто ќе биде дозволено да се продаваат возила со мотор со внатрешно согорување. Во тоа се сложни повеќе држави членки на ЕУ.

Во заеднички допис до Комисијата на ЕУ, повеќе држави членки на Унијата бараат таа да постави краен датум до којшто ќе се дозволува продажба на возила со бензински или дизел мотор. Во дописот се бара и подобра мрежа од електрични почначи, како и воведување на уште построги стандарди за ограничување на емисијата на СО2. Неофицијалниот допис го објави дипломатското претставништво на Холандија во Брисел. Останатите потписници на писмото се Австрија, Белгија, Данска, Грција, Малта, Ирска, Литванија и Луксембург.

„Кога ќе се земе предвид и векот на експлоатација на еден автомобил, мора во 2030 година да престане регистрирањето нови возила со мотор со внатрешно согорување, доколку се цели до 2050 година да се постигне неутралност во поглед на СО2“, изјави холандската министерка за инфраструктура Стинтје ван Велдховен за информативната агенција Блумберг.

Државите на Унијата во писмото порачуваат дека одржливиот сообраќаен сектор има решавачка улога, за „зелениот дил“ на Комисијата на ЕУ да успее. Производителите на автомобили вложуваат масивно во возила со ниска или нулта емисија, но пак мора дополнително да се забрза преоѓањето во ерата на неутрална мобилност.

Повеќе производители имаат планови за напуштање на класичните мотори. Volvo по 2030 година ќе произведува само електрични автомобили. Ford и General Motors исто така најавија датуми за збогување со дизел и бензинските мотори.

Volkswagen двојно ја зголеми квотата на електрични автомобили во продажбата на концернот во Европа во 2030 година. Од првичните 35%, уделот на возилата со погон на струја сега е зголемен на 70 проценти. Во САД и Кина, уделот во истиот временски рок треба да достигне околу 50 проценти.

Реагираат и државите. Холандија, Данска, Шведска и Ирска им поставија краен рок на бензинците и дизелите за 2030 година. Американската сојузна држава Калифорнија, воедно и најголем единечен пазар во САД, ќе дозволи возила со мотор со внатрешно согорување да се регистрираат до 2035 година.

>>> Еуро 7 стапува на сила во 2025, тешко за моторите

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Captur доби спортска изведба R.S. Line

Volkswagen вложува 450 мио € во фабрика за батерии

Volkswagen ќе гради сопствена мрежа од фабрики за батерии во Европа