Renault Captur доби спортска изведба R.S. Line

Уште една моделска изведба што се повикува на традицијата на Renault во мотоспортот. Првпат во гамата на кросоверот Captur е достапна изведба R.S. Line, којашто со стилот го следи духот на вистинските RS-модели, но е достапна со стандардните мотори.

Моделската изведба R.S. Line пристига како новина во гамата на Renault Captur. Нагласокот е ставен на динамиката во изгледот и на спортскиот стил во внатрешноста. Спортската изведба доби преден браник со спојлер во стил на F1 и со маска со саќеста решетка, со сив дифузор назад, дополнително затемнети задни стакла, двојна хромирана издувна цевка и алу-тркала од 18 инчи со дизајн Le Castellet. Секако не недостига беџ R.S. Line на багажникот.

По средината на седиштата минуваат шест црвени линии, а како класика, седиштата се штепувани со конец во црвена боја. Во истиот стил продолжува воланот со перфорирана кожа и со црвено-сиво штепување. Француските стилисти додале и плочки на праговите и црвена лента во отворите за воздух. По целиот кокпит минува и украсна лајсна со изглед на карбон.

Стандардна опрема се дигитални инструменти од 10 инчи, паркинг сензори напред и назад, плус камера, безжичен полнач за телефон и електрохроматски внатрешен ретровизор. Captur R.S. Line е достапен со моторите TCe 140 и E-Tech Plug-in 160.

https://photos.app.goo.gl/6rKQd1jQs11nBhZt7

https://photos.app.goo.gl/dRWGkcG3GS5r4oZL6

 

Претходна објаваToyota најавува електричен СУВ за салонот во Шангај
Следна објаваПовеќе држави на ЕУ бараат краен рок за обичните мотори

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here