Ford Mustang отсега ќе биде достапен само во изведбата GT со мотор V8. Четирицилиндарецот си заминува од понудата, поради слабиот интерес за него на европскиот пазар.
Ford Mustang со четирицилиндарски мотор стана историја. Изведбата со 2,3-литарски EcoBoost со 290 КС повеќе не се нуди на европскиот пазар. Повлекувањето на моделот од понудата на Ford се случила уште кон крајот на минатата година. Причина за тоа бил слабиот интерес за изведбата со турбо-моторот.
Според тоа, Mustang моментно е достапен само во верзијата GT со петлитарски V8. Моќноста во стандардната изведба изнесува 449 КС, односно 460 КС во специјалната серија Mustang Mach 1.
Заминувањето на четирицилиндарецот значи и заминување на верзијата со подостапна цена. Колку се сменија пазарите во меѓувреме сведочи и фактот што четирицилиндарскиот Mustang и натаму е во понуда на пазарот во САД, традиционалниот V8-пазар.