Оригиналниот Ford Mustang од „Булит“ продаден за 3,4 милиони долари

ford mustang bullitt original 1968 aukcija
ford mustang bullitt original 1968 aukcija

Филмот стана класика, возачот е легенда, а автомобилот го посакува цел свет. Оригиналниот Ford Mustang од филмот „Булит“ со Стив Меквин има нов сопственик. Тоа задоволство чинеше многу, екстремно многу.

Легендарниот Ford Mustang GT од филмот „Булит“ со Стив Меквин е продаден за 3,4 милиони долари. Автомобилот стекна светска слава преку возбудливата десетминутна бркотница по улиците на Сан Франциско. Во петокот се одржа наддавање во Кисими, во американската сојузна држава Флорида, во организација на Mecum Auctions.

Сцените со поручник Френк Булит од полицискиот оддел на Сан Франциско и неговиот Ford Mustang означија пресвртница. Пред тоа автомобилите само исчезнуваа зад аголот, по што се слушаше судир и на крајот се прикажуваше сцена од згмечениот автомобил. Место тоа, во Булит се „палеа“ гумите, автомобили летаа во воздух, а по приземјувањето летаа раткапни на сите страни.

https://photos.app.goo.gl/cgCbmH9zy4MLR1W38

Долго време не се знаеше судбината на темнозелениот култен автомобил, што Стив Меквин го возеше во филмот. Последната трага од автомобилот беше во 1990 година. Читател на „Mustang Illustrated“ испрати писмо до специјализираниот магазин, во коешто тврдеше дека го пронашол автомобилот. Тоа беше лага, но вешто испланирана лага, затоа што го провоцираше вистинскиот сопственик да се јави. Тој испрати до магазинот копија од писмото од Стив Меквин, во коешто тој бара да го купи автомобилот. Тоа беше знак дека автомобилот сепак постои, но неговиот сосптвеник сака да остане анонимен.

Оригиналниот автомобил од филмот Булит бил продаден во 1974 година за 3.500 долари

Автомобиот се појави за 50-годишнината од филмската премиера во 1968 година. Сопственик на највредниот Mustang во светот беше 38-годишниот Шон Кирнан, кој го добил автомобилот како подарок од својот татко. Во 1974 година, Кирнан постариот го купил филмскиот автомобил за 3.500 долари. Историскиот Mustang се користел секојдневно, до дефектот во 1980 година, по што автомобилот останал во гаражата. Шон решил да го врати олдтајмерот во форма, по починувањето на неговиот татко во 2014 година.

Поправките и освежувањето на зелениот Ford Mustang завршија во мај 2016 година, кога вредниот автомобил качен на приколка бил однесен до Атланта, за процена на веродостојноста. Секако дека експертот за олдтајмери на Ford го потврдил тоа. По кусо време се јавува Марк Геслер од здружението за историски возила, коешто ги документира американските автомобили што се дел од културното наследство. Семејството Кирнан сега се збогуваше со еден од најпознатите автомобили во историјата. За нешто помалку од 3,4 милиони долари.

https://www.instagram.com/p/B7JrrTgjKOf/

Претходна објаваКинескиот Geely се токми за учество во Aston Martin
Следна објаваПреку субвенции и привилегии, држави вложуваат во возниот парк, една не

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here