Погон од Volkswagen во соларно-електричен катамаран

cupra volkswagen meb platforma silent yachts соларно електрична јахта

Модуларната електрична платформа MEB на Volkswagen смени многу работи на автомобилската сцена и допрво ќе менува. Концернот им ја нуди платформата на располагање и на други компании. Во таа насока оди и соработката со Silent-Yachts, пионер во соларно-електрични катамарани.

Јахта што само со енергијата од сонцето може да помине 160 километри дневно. Тоа не е најава за некоја далечна иднина, туку може да се постигне уште денес. За тоа помага и електричниот погон на концернот Volkswagen.

Идејата за соработката со Silent-Yachts датира од 2019 година, произлезена како фондациска програма за млади компании од страна на концернот. Оваа програма им нуди можност на сите соработнички и соработници да ги реализираат своите деловни идеи. Се спонзорираат најиновативните деловни модели, кои понатаму можат да ја прошират понудата од услуги и производи на Volkswagen. Работата се состои од изработка на прототип за време од 12 седмици, кој потоа се тестира и се усовршува. На крајот се оценува дали бизнис планот е исплатлив.

Австрискиот производител на соларно-електрични јахти Silent-Yachts, активен 15 години на тоа поле, го привлече вниманието на Volkswagen. Фирмата вработува 400 лица, вклучувајќи и вработени во бродоградилишта во Италија, Кина и Тајланд.

Само основачите Хајке и Михаел Келер заедно поминаа повеќе од 8.000 денови на море и совладаа над 75.000 наутички милји ширум светот. По 23 години пловење по океани со моторни пловила и едреници, тие решиле да најдат подобар начин за напојување со енергија и погон на јахтите.

Четири години траел развојот на Solarwave 46. Тоа е прва јахта што се движи исклучиво на соларна енергија. Освен за погон, сонцето ги напојуива и сите апарати во јахтата. За десет години, компанијата испорачала дузина катамарани со соларен погон, долги меѓу 13 и 24 метри.

Silent-Yachts отсега ќе ја користи платформата MEB на Volkswagen. Погонот од концернот е подостапен од останатите решенија, затоа што истиот ќе се вградува во милиони електрични автомобили. Во исто време се пониски и трошоците за сервисирање и одржување.

За дизајнот на еко-јахтата беше задолжена Cupra

Новата“ шпанска марка на Volkswagen ја доби задачата да ја дизајнира соларно-електричната јахта на Silent-Yachts со погонска техника иста како во Volkswagen ID.3 или Skoda Enyaq iV. Тоа беше предизвик што дизајнерите на Cupra го прифатија со задоволство и го спроведоа во резултат што заслужува внимание.

Дизајнот е избран, следен чекор е до 2022 година да се изработи јахта со соларно-електричен погон врз база на платформата MEB во соработка меѓу Volkswagen, Cupra и Silent-Yachts. Од моделот Silent Yacht 50, по четиригодишна подготовка за производство, се планира годишна продукција од најмалку 50 примероци. Компоненти од платформата MEB ќе се вградуваат и во останатите јахти на австриската компанија.

https://www.instagram.com/p/CIqL602AuLD/

>> Концернот Volkswagen ќе електрифицира цел грчки остров >>

Претходна објаваШто им нудат Британците на дилерите во размена за користен автомобил
Следна објаваЕУ вложува 2,9 млрд. € во фабрики за батерии за електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here