за

Што им нудат Британците на дилерите во размена за користен автомобил

Од магаре до подвижна сендвичарница. Илјада дилери низ Велика Британија одговараа за најнеобичните понуди што ги добивале како вредносна размена за користен автомобил.

Што им нудат Британците на дилерите во размена за користен автомобил

Глисери и скапи часовници се само дел од најбизарните понуди за размена што ги добивале британските дилери со користени автомобили.

Трговците со користени автомобили во Велика Британија ги открија најчудните предмети што заинтересираните купувачи им ги нуделе во размена за автомобил. Истражувањето го спроведе влијателната онлајн-берза за автомобили CarGurus.co.uk.

Една од најнеобичните понуди била од клиент што понудил магаре за да надомести за разликата во цената. Друг клиент пристигнал со возило-амфибија, како понуда за размена. До овие сознанија дојде CarGurus, најбрзо растечка онлајн-берза во Велика Британија, коајшто анкетираше илјадници дилери со користени автомобили низ земјата, со цел да ги дознае најчудните предмети што клиентите ги нуделе во размена.

Најчудните предмети што клиентите ги понудиле како надомест за разликата во цената:

  • Магаре
  • Возило амфибија
  • Подвижна сендвичара
  • Инвалидска електрична количка
  • Глисер
  • Камп-приколка
  • Пет дузини скара
  • Скап часовник

Дел од истражувањето вклучуваше прашања околу работите што ја смалуваат вредноста при продажбата на автомобил, според британските дилери со користени автомобили.

Одговорите ќе ги разочараат љубителите на нашите четириножни пријатели, затоа што голем број дилери оценија дека поседувањето куче е една од работите за коишто постои голема веројатност дека ќе влијаат негативно врз вредноста на автомобилот при процената.

Петте работи што најмногу влијаат врз вредноста на автомобилот

  • Поседување пес или друго милениче
  • Пушење во автомобилот
  • Оштетена каросерија
  • Нецелосна или отсуство на сервисна историја
  • Преголем број претходни сопственици

>>> Алтернаторот им бил најрасиплив дел на британските возачи во 2020

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возачките и возачите на Porsche најзадоволни

Бројот на продадени возила не е клучен за шефот на Porsche

cupra volkswagen meb platforma silent yachts соларно електрична јахта

Погон од Volkswagen во соларно-електричен катамаран